5 работи што би требало да ги знаете за психопатите

Повеќето луѓе мислат дека знаат што е психопат – личност без чувства. Најчесто постои мислење дека тоа е личност која како мала измачувал животни за забава.

5-neshta-shto-verojatno-ne-ste-gi-znaele-za-psihopatite-01.jpg

Но, постојат некои работи што веројатно не сте ги слушнале за психопатите, a е добро да ги знаете.

Во секој до нас има некоја психопатска одлика

Психопатијата е спектар, а сите ние се наоѓаме некаде на тој спектар. Доколку кога било сте покажале недостаток од вина или жалење, или не сте се сочувствувале со некого, или пак сте шармирале некој за да добиете нешто што сакате, сте покажале психопатска одлика.

Доколку пак сте бестрашни во одредени ситуации или без проблем преземате големи ризици, исто покажувате психопатски одлики. Се разбира, ова не значи дека нешто не е во ред со вас или дека сте вистински психопат.

Не сите психопати се луди

Иако сите сериски убијци се психопати, не важи спротивното. Психопатите сочинуваат околу 1% од населението и можат да бидат продуктивни членови на општеството. Нивниот недостатокот од емоции, како анксиозност и страв, им помага да останат смирени во застрашувачки ситуации.

Психопатите можат да бидат многу шармантни и преземаат ризици со голема самодоверба. Ова ги прави совршени за работа во суд или парламент.

5-neshta-shto-verojatno-ne-ste-gi-znaele-za-psihopatite-02.jpg

Психопатите повеќе сакаат да живеат во град

Психопатите најчесто се наоѓаат во градовите. Имено, тие повеќе се фокусираат на сексуалните односи, наместо да се обидат да изградат врска. Оваа стратегија е поврзана со преземање ризици и себичност.

Исто така, градовите им нудат повеќе простор за манипулација и можат полесно да се скријат.

Женските психопати се поразлични

Иако машките и женските психопати се слични на многу начини, некои истражувања пронашле разлики. На пример, се покажало дека женските психопати се посклони на анксиозност, емоционални проблеми и промискуитет за разлика од машките.

Некои психолози сметаат дека понекогаш жените добиваат и погрешна дијагноза поради слабото управување со емоциите и импулсивните реакции. Ова веројатно објаснува зошто статистички психопатијата е поретка кај жените.

Едно истражување покажало дека жените бараат „непсихопати“ за кратка авантура, но кога сакаат сериозна врска, бараат партнер сличен на нив.

5-neshta-shto-verojatno-ne-ste-gi-znaele-za-psihopatite-03.jpg

Психопатите сепак имаат некакви чувства

Иако психопатите покажуваат недостаток од емоции како анксиозност, страв и тага, тие можат да чувствуваат среќа, радост и одвратност слично како нас. Иако можеби им е тешко да препознаат исплашено или тажно лице и не реагираат на закани и казни, сепак можат да забележат среќно лице и реагираат позитивно кога се наградени.

Но, доколку вам ве радуваат малите нешта, на психопатите им е потребно повеќе. Односно, тие се чувствуваат среќно и мотивирано само ако наградата е доволно висока. Можете да ги повредите чувствата на психопатот, но најверојатно ќе станува збор за други чувства и поради други причини.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го ...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg