Случка: Мајка на 5 години

slucka-majka-na-5-godini-povekjeПред 70 години Перуанците доживеале случка еднаква на нивните серии. Во една болница во Перу, влегла исцрпена индијанка со мало девојче.


Девојчето имало страшно подуен абдомен и жената го молела докторот Херард Лозад да го истера ѓаволот од неа.

Докторот бил убеден дека девојчето има абдоминален тумор, а на изненадување на сите, тој открил дека Лина Медина е веќе 8 месеци бремена, со што станала најмладата мајка во историјата.

slucka-majka-na-5-godini-1

Лина родила здраво момче со царски рез кое го добило името по докторот – Херардо. Тој пораснал мислејќи дека Лина му е сестра, но на негови 10 година му било кажано дека неговата 5 години постара „сестра“ е всушност негова мајка.

Лина подоцна се омажила и добила уште еден син. Херардо починал на 40 години. Лина и нејзиниот втор син живеат во сиромашниот дел на Лима.

Начинот на кој Лина забременила никогаш не е докажан, ниту пак името на таткото. Нејзиниот татко бил уапсен за злоставување и инцест, но подоцна е ослободен заради недостиг на докази. Лина никогаш не разговарала за ова, а одбила и да даде интервју за Ројтерс пред 10 години. Некои веруваат дека таа најверојатно не се сеќава на ништо затоа што била премногу мала.

slucka-majka-na-5-godini-2

Овие случаи на преран пубертет се ретки, но не и нечуени.

Би можело да ве интересира:

Од војник до ѕвезда: Која е трансродовата жена што меѓу првите го променила полот со операција? Во 1950-тите, никој не ни знаел дека постои операција за промена на полот. Па, т...
Што прават терапевтите кога се чувствуваат депресивно? Прават работи што ги радувале кога биле деца, си поставуваат реалистични цели за...
Патување со крузер како од хорор-филм: 4.000 патници поминале 4 дена на море, без храна и функционал... Во 2013-та, патување со крузер се претворило во пекол откако бродот останал без ...
„Полна рака спомени од детството... Денешните деца не посегнуваат да скинат зелени кајсии или сливи“ Јадевте ли вие зелени сливи и кајсии? И дали јадете и денес како возрасни? Ах, с...
Морничавите јапонски затвори за осудените на смрт: Затворениците не знаат кога ќе бидат егзекутирани Во Јапонија, затворениците осудени на смрт не знаат кога ќе бидат егзекутирани –...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...

Најчитани неделава