10 правила кои морате да ги прекршите на почетокот од бракот

10-pravila-koi-mora-da-gi-prekrsite-na-pocetokot-od-brakot-povekjeВие двајца се работите како тим,секое недоразбирање го решавате без тешкотии кавги, поминувате возбудливи денови, а во ноќите ја потврдувате...


...својата љубов и никогаш не ви е здодевно - вакви изјави се предмет на сериозно преиспитување!

Најдобрата работа која што можете да ја направите доколку сакате да ја одржите вашата мала заедница е поедини брачни правила веднаш и без размислување да ги прекршите.

1. Никогаш не одете во кревет лути
Навистина никаде нема да ве одведе обидот работите да ги истерате на чисто пред да ги измиете забите и да си легнете, да не зборуваме за изреките, кои постојат како збир на колективна мудрост, а кои велат, почекај да преноќи.

2. Само искреност, па што сака нека биде
Понекогаш размислете за ова, а размислете и три пати за конкретната ситуација, така на пример не морате детално да ги опишувате своите претходни врски, да вршите било каква споредба и тоа така што вашиот партнер ќе почувствува непријатност.

3. Никогаш не одете на одмор сами
Времето кое го поминувате на работа и она кое го посветувате на своето хоби не е ваше заедничко време и според таа логика, би требало оние седум дена колку што трае вашиот одмор да си ги посветите себеси но и на уживањето со партнерот. Потребата за уживање им е неопходна на сите, но концептот на уживањето е индивидуален, но гледајте на некој начин да ги споите интересите.

4. Нема да се караме за да не се разведеме
Всушност паровите кои никогаш не се караат процентуално најчесто се разведуваат. Избегнувајќи еден на друг да си кажете  што ви пречи и несакајќи да си ја нарушите брачната идила, која со време се повеќе се обременува, паровите се разведуваат, бидејќи не успеваат да најдат едноставен начин за да си ги решат проблемите.

10-pravila-koi-mora-da-gi-prekrsite-na-pocetokot-od-brakot

5. Кога ќе дојдат децата на свет, нема ништо поважно  
Често можете да забележите парови кои својот брачен однос го поставиле на страна за да бидат добри родители, што е голема грешка. Всушност потребно е вашиот брак да биде првата работа која вашето дете ќе ја види како извор на меѓусебна љубов и почитување. Децата се чувствуваат посигурно и имаат повеќе самодоверба кога ќе видат отворена љубов помеѓу своите родители.

6. Никогаш не би требало да спиете во одвоени кревети
Ова е одамна надмината теорија и како таква би требало да се избегнува. Еден од вас може мирно да спие, но тоа не мора да значи  дека и другиот за време на спиењето убаво се чувствува. Можеби едниот партнер гласно хрчи, се превртува, ве турка... Затоа не двоумете се, од време на време може да се префрлите во гостинската соба или во дневната, бидејќи добриот сон покрај здравјето ќе го зачува и вашиот брак.

7. Во брак се стапува без хоби од минатото
Ни случајно! Ако сакате вашата заедница да трае, а вие во неа да не се чувствувате како во затвор, продолжете да ги негувате работите кои сте ги правеле додека сте биле сами и не дозволувајте да ви се постават поинакви приоритети.

8. Оној момент кога ќе се појават искри, сè е изгубено  
Само тинејџерите сè уште веруваат во ваква дефиниција за вистинска љубов, а оние повозрасните знаат дека брачната среќа почива на посветеност, доверба и дека тоа е место од каде што се емитува љубовта.

9. Досадата е лоша работа
Драмата во бракот го исполнува времето и го покачува нивото на возбуда, но на долги патеки може да го оштети вашето здравје. Тоа што со вашиот партнер сте запловиле во мирни води може да биде само знак дека добро се разбирате и дека со вашиот брак е сè во ред. Забава побарајте на друго место, на пример во луна парк!

10. Излезете му во пресрет на вашиот партнер, дури и кога не ви е до секс
Младите мајки често го имаат овој проблем. Кога сексот ќе биде уште една обврска на листата која што мора да се исполни во текот на денот, а верувате дека тоа е добро за вашиот брак, застанете и размислете повторно. Среќата на вашиот партнер е важна, но сексот е работа во која двајцата партнери би требало подеднакво да уживаат и во тоа да најдат задоволство.

Би можело да ве интересира:

Секс поза „приклучок“ – омилена на мажите што не се премногу надарени (18+) Со мала модификација можете да ја зачините мисионерската секс поза и на партнерк...
Најчестите работи кои луѓето ги мразат кај своите партнери (според експертите за врски) Што мразите вие најмногу кај вашиот партнер? Која негова карактеристика или одне...
Бизарни љубовни совети за да се омажите од 90-тите (кои ѝ помогнале на Викторија Бекам да го „улови“... „Ставете кармин дури и кога одите на трчање. Ако имате голем нос, оперирајте го“...
Секс поза „пајак“ – со бавни движења доведете ја партнерката до лудило (18+) Секс позата „пајак“ е одлична за сите оние што сакаат интимниот чин да трае подо...
3 смели пози за орален секс со кои ќе му пружите на партнерот незаборавно задоволство (18+) Сте слушнале за секс позата „Спајдермен“? За многу мажи оралниот секс е задолжит...
Како изгледа вистинската љубов во модерното време, низ 18 илустрации „Убава си и навечер, но и наутро...“ – реченицата за додворување што се најде во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg