Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Почитувајте ги 10-те љубовни заповеди

За успешна врска почитувајте ги десетте љубовни заповеди и успехот е гарантиран. Дајте 100%, почитувајте ја индивидуата, комуницирајте, слушајте, во добро и во зло...

pocituvajte-gi-10te-ljubovni-zapovedi

1. Дајте 100% - тоа не значи дека треба да го изгубиш своето ЈАС и да правиш сè што ќе посака другата страна, туку да се препуштиш и да имаш потполна доверба.

2. Почитувај ја индивидуалноста и особеностите на својот партнер – луѓето се менуваат откако ќе влезат во врска, но никогаш немојте да вршите притисок да го смените партнерот толку што ќе ја изгуби својата особеност.

3. Комуницирајте – комуникацијата е најважниот фактор за квалитетна врска.

4. Прифатете ги промените и поддржете го партнерот – луѓето растат, се менуваат, напредуваат... бидете му поддршка на партнерот, а не товар.

5. Живејте ја својата љубов – немојте да дозволите поради секојдневните проблеми за заборавите на својата врска. Квалитетно поминатото време може да ја освежи секоја врска.

6. Во добро и во зло – венчани или не, за секоја квалитетна врска е важно да го делите она што ве радува и она што ве растажува или разлутува... во двојка е полесно да се решат проблемите, но поубаво е и кога се споделува успехот.

7. Слушајте – понекогаш многу ни значи кога некој само нè слуша, без совет или коментар. Немојте да заборавите да ја возвратите услугата.

8. Слушајте го срцето, но и разумот – срцето не води низ љубовната врска со партнерот, но понекогаш е добро да се послуша и разумот. Пронајдете баланс помеѓу едното и другото.

9. Немојте да бидете гад/ороспија – дури и ако сте имале напорен ден или се сомневате дека партнерот направил нешто против вас, немојте да побеснувате, решете го тоа на разумен начин. Подоцна ќе бидете задоволни самите со себе.

10. Изразете ја љубовта на сите начини – не е доволно само да се каже „те сакам“ или само да се покаже тоа со дела или само сексуално да се изразите. Љубовта треба да се изразува и со зборови и со дела и емоционално и сексуално – комбинирајте ги сите изразувања....

Секако, овие заповеди треба взаемно да се почитуваат. Само еден партнер не може да ја одржува врската.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg