6 чудни, но чести причини за раскинување

Неодамна едно истражување покажало дека недостатокот на сон делува и на врската и на изразувањето на емоциите, но тоа не е единственото што на тоа подрачје може да ви зададе проблеми.

6-cudni-no-cesti-pricini-za-raskinuvanje

Постојат уште неколку работи, помалку или повеќе чудни, кои имаат големо влијание на нечија врска или брак.

Па да почнеме со ред!

1. Тежина
Набљудувајќи 200 парови научниците од Универзитетот во Тенеси откриле дека мажите и жените во врска или брак се позадоволни ако поубавата половина има помал индекс на телесна маса од партнерот. Малку чудна причина, зарем не? Зарем не би требало партнерите кои се среќни заедно да ги прифатат своите половини онакви какви што се?

2. Родителите на партнерот
Според студијата спроведена на Универзитетот за социјални истражувања во Мичиген, паровите имаат 20% повеќе шанси за раскинување ако партнерката е во многу добри односи со неговите родители. И затоа девојки, ако не сте баш во добри односи со неговата мајка, немојте да очајувате, судејќи по ова истражување тоа и не мора да биде нужно зло.

3. Застој во сообраќајот
Долгите патувања и гужви во сообраќајот и стресот предизвикан со тоа може да и наштетат на љубовната врска, потврдило едно шведско истражување. Во тој случај ризикот од раскинување се зголемува дури за 40%.

4. Таблети за контрацепција
Освен што спречуваат бременост, наводно го спречуваат и раскинувањето. Барем така тврди едно истражување – жените кои се на таблети во моментот на запознавање на партнерот имаат поголеми изгледи да останат со нив отколку оние што не се. Звучи бизарно? Можеби, но истражувачите тврдат дека тие се помалку склони кон површно проценување на партнерот, како што е неговиот изглед на пример.

5. Мобилен телефон
Сериозно, ако и пишувате на својата мајка порака додека партнерот со воодушевување ви го прераскажува како го поминал денот, запрашајте се зошто ви е односот лош. Универзитетот Есекс со своето истражување докажал дека паметните телефони се вистински убијци на врските затоа што поради нив многумина го запоставуваат партнерот.

6. Куче
Едно британското истражување покажало дека домашното милениче има врска со љубовниот живот. Дури 28% од луѓето никогаш не би стапиле во врска со личност која што има куче.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg