6 стратегии за да се избегне неверството во врската

Не станува збор дали од време на време вниманието ќе ви го привлече одредена личност, или пак вашиот партнер ќе посакаат да бидат со друга личност, туку клучно е како ќе се носите со своето, а не со туѓото неверство.

6-strategii-za-da-se-izbegne-neverstvoto

Многумина мислат дека неверството е причина за раскинување на врската, но некои сметаат дека е спротивното. Постои само едно решение – неверството да се лекува со искреност.

Еве неколку начини да го избегнете неверството во врската или да поставите темели за тој да се подобри.

Бидете искрени
Проблемите во врската се создаваат затоа што партнерите имаат различни погледи за многу работи. Врските страдаат кога партнерите не се искрени. Ова нема врска со сексот туку со ставовите и малите одлуки во секојдневниот живот.

Немојте да мислите дека дневните препирки се безначајни
Запомнете, најчесто токму тие мали препирки ја загрозуваат врската. Малите кавги лесно се претвораат во голема кавга.

Немојте да изневерувате
Главниот проблем во неверството не е тоа што сте во кревет, или во мислите со друга личност, туку во измамата. Повеќето неверства се случуваат без знаење на партнерот. Тоа бара разработка на изговори, лажење во лице и живеење со таа лага.

Ве привлекла друга личност? Признајте
Што би се случило ако партнерот кого го привлекла некоја друга личност го каже тоа? Тоа можеби би донесло елемент на вистина во врската.

Разговарајте со партнерот
Ако го правите тоа, би можеле да ги отворите картите и да видите што ве прави двајцата незадоволни во врската. Можеби ќе тргне кон подобро, повторно запознавање.

Немојте да мислите дека простувањето е решение
Многу текстови советуваат дека партнерот на кој му била нанесена неправда мора да прости и да помине преку своите рани, бидејќи наводно само така може врската повторно да функционира и да има шанса за опоравување. Сепак поимите простување и вина не се продуктивни во решавањето на последиците од неверството, бидејќи не се занимаваат со коренот на проблемите. Двете страни мора да се потрудат за врската да стане подобра.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg