11 знаци дека сте ја пронашле личноста со која треба да се венчате

Во врска сте и се прашувате дали тој/таа e вистинската личност. Меѓутоа, често пати од возбуда, се случува да не ги гледаме знаците јасно.

11-znaci-deka-ste-ja-pronasle-licnosta-so-koja-treba-da-se-vencate-01.jpg

Затоа, проверете ја листата на позитицни знаци кои ви откриваат дали сте со вистинската личност.

1. Смисла за хумор - Важна карактеристика која е клучна за успешен заеднички живот. Но, овде не се мисли на шеги на туѓа сметка или лошо темпирани шеги. Се мисли на оној хумор кој ќе ви ги олесни и најтешките времиња.

2. Грижа за вашето мислење - Партнерот кој само изнесува ставови и мислења, сигурно не е привлечен колку оној кој ве потпрашува и бара совети.

3. Има свој став - Важно е и да знае да застане зад своите идеи и мислења, не само да ги почитува туѓите заповеди.

4. Заедничко решавање на проблеми - Ако можете да разговарате за нив, тогаш можете и да ги решите заедно. Клучно е да не се повлекува од тешките ситуации.

5. Ве прифаќа онакви какви што сте - Различните интереси, мислења и ставови не смее да се препрека или причина за кавга.

6. Отворен/а е - Суштината на заедничкиот живот е доброто запознавање. На почетокот, можеби ви беше потребна доза на мистичност, но со текот на времето таа треба да се претвора во блискост.

11-znaci-deka-ste-ja-pronasle-licnosta-so-koja-treba-da-se-vencate-02.jpg

7. Задоволен/Задоволна е - Се развива на работното место, има круг на пријатели, семејство и сопствени интереси. Тоа ја создава комплетната личност.

8. Заинтересиран/а е - Сака да открива нови информации. Убавецот или барбиката која добро изгледа може брзо да досади. За заеднички живот е потребно многу повеќе.

9. Рамнотежата е клучна - Неговата/нејзината скромност, верност и егото се во потполна рамнотежа.

10. Емоционална зрелост - Добрата смисла за хумор никогаш не ја мешајте со детското однесување.

11. Љубовна историја - Важно е да има здрава љубовна историја, без трауматични искуства. Важно е секој да извлече поука од минатата љубовна врска, но со студена глава да знае каде била грешката која довела до разделба.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg