10 митови за женската сексуалност

Женската сексуалност сè уште се смета за табу тема. Иако постојат милион теории за тоа што навистина сака една жена во креветот, ретко која разговара за суштината на сексуланоста, женските потреби и навики. И се разбира, молчењето секогаш предизвикува стереотипи и митови кои без анализа се прифаќаат.

10-mitovi-za-zenskata-seksualnost-001.jpg

Затоа, сега ги демантираме најголемите митови за женската сексуалност.

Мит бр. 1 - Желбата за секс кај жените е помала отколку кај мажите

Вистината: Мажите се поимпулсивни, полесно се возбудуваат и полесно ја достигнуваат точката на кулминација. Но, сето тоа не значи дека имаат поголема желба за секс од жените. Жените својата желба за секс ја изразуваат на поинаков начин и подискретно.


Мит бр. 2 - Сексот не им е важен на жените

Вистината: Постои мислење дека жените не сакаат секс и дека повеќе се стремат кон семеен живот, отколку кон сексуален живот. Вистината е дека жените сакаат добар секс исто колку и мажите, но не му даваат приоритет на сексот, како што тоа го прават мажите.


Мит бр. 3 - Жените не мастурбираат или го прават тоа ретко

Вистината: Многу е тешко да се каже колку често мастурбираат жените, затоа што тоа сè уште е табу тема. Некои истражувања покажуваат дека околу 60% од жените т.е. мнозинството мастурбираат.


Мит бр. 4 - Сите жени сакаат орален секс

Вистината: Ова тврдење не треба да се смета како 100% точно. Според едно истражување во Америка околу 75% од жените пробале орален секс и 45% од нив не се чувствуваат удобно или не им се допаѓа чувството. Заклучокот е дека не сите жени сакаат и уживаат во оралниот секс.


Мит бр. 5 - Жените зборуваат помеѓу себе за секс повеќе отколку мажите

Вистината: Не мора да значи дека е така. Жените кога зборуваат за секс навлегуваат повеќе во детали, но го прават тоа поретко. За разлика од нив, мажите зборуваат почесто за сексот, генерално и површно.


Мит бр. 6 - Ако вагината кај жената не е навлажнета природно, тоа значи дека не е возбудена

Вистината: Иако може да е вистина, во многу случаи ова тврдење не е точно. Стресот, хормонските промени или лековите исто така можат да предизвикаат вагината да не се навлажни природно.


Мит бр. 7 - Жените се романтичарки и сакаат нивните мажи да се однесуваат кавалерски

Вистината: Иако жените сакаат да добиваат цвеќиња, подароци и љубовни пораки за да се чувствуваат како принцези, сакаат и мажи со бунтовнички дух кои понекогаш велат „не“.


Мит бр. 8 - Жените сакаат сексот да биде долготрајна игра

Вистината: Иако познато е дека жените сакаат предигра, тоа не е закон. Понекогаш сакаат само брз и краток секс.


Мит бр. 9 - Жените треба да бидат вљубени за да имаат секс

Вистината: Не е точно. И жените можат да ја разграничат љубовта од сексот и да имаат секс само за една ноќ.


Мит бр. 10 - Задоволството кај жената зависи од размерот на пенисот на мажот

Вистината: Не е точно, затоа што длабочината на вагината е ограничена и G-точката се наоѓа на околу 4cm од отворот на вагината.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава