Како би требало да гласат брачните завети кога би опишувале секојдневни ситуации?

„Ветувам дека ќе те сакам во добро и лошо, во болест и здравје, сè додека смртта не нè раздели“. Колку пати сте го слушнале ова?

kako-bi-trebalo-da-glasat-bracnite-zaveti-koga-bi-opisuvale-sekojdnevni-situacii-001.jpg

Ветувањето кое сите го даваме во црква на човекот кој го сакаме кога ќе размислите поубаво и не е некое конкретно ветување, бидејќи покрај тие основни работи бракот е составен од многу повеќе „ситници“ кои најчесто се тема на расправија.

Кога брачните завети би биле сосема искрени и би се однесувале токму на ситуациите кои нè очекуваат во брачниот живот, би гласеле отприлика вака некако:

1. Ветувам дека секој ден ќе ги преместувам твоите чевли од сред ходник, без разлика колку пати во текот на денот ќе ги оставиш таму.

2. Ветувам дека секогаш ќе слушам што зборуваш, дури и кога бладаш.

3. Ветувам дека нема да оставам само една голтка сок во шишето во фрижидер и дека ќе ја потрошам и последната капка млеко пред да отворам ново пакување.

4. Ветувам дека нема да ги јадам твоите бонбони, иако добијам чувство дека си заборавила на нив.

5. Ветувам дека нема да заспијам кога ќе симнеш филм кој сакаш да го гледаме заедно.

6. Ветувам дека нема да ти го кажам крајот на филмот кој не си го гледал/а и крајот на книгата која ја читаш.

7. Ветувам дека секогаш ќе ти го дадам последното најпечено парче сланина.

8. Ветувам дека секогаш ќе ти дозволам да решиш по кој пат ќе возиш и дека нема да ти кажувам како треба да возиш.

9. Ветувам дека секогаш ќе отидам прво со тебе во кој и да било ново отворен ресторан и заедно ќе ја пробаме храната.

10. Ветувам дека ќе се осигурам дека не си гладен/а пред да почнеме да се расправаме за нешто, бидејќи во спротивно ризикувам да зборувам со гладот а не со тебе.

11. Ветувам дека никогаш нема на твоето прашање „Каде да одиме да јадеме?“ да одговорам со „Не знам, каде сакаш ти да одиме?“.

12. Ветувам дека нема да го јадам пола твој помфрит само зошто мислев дека не сум гладен/а и не сум нарачал/нарачала.

13. Ветувам дека нема да ги фрлам чорапите во ќошот туку во корпата со алишта за перење.

14. Ветувам дека кавгите секогаш ќе бидат чисти а сексот валкан.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...

Најчитани неделава