5 јасни знаци дека воопшто не сте подготвени за нова врска

Еден или двајца лоши дечковци може да се само случајност, но кога бројот на лоши љубовни врски едноподруго расте, тоа е сосема јасен знак дека проблемот можеби не лежи само во машките кои ги бирате, туку делумно и кај вас.

5-jasni-znaci-deka-ne-ste-spremni-za-nova-vrska-01.jpg

Ослободете се од притисоците, општествените предрасуди и нека не ве уморуваат и заплашуваат со прашањата од типот: кога свадба?

Подобро би било да поминете некое време квалитетно сами отколку неквалитетно со погрешна личност.

Ова се само неколку јасни знаци дека вам всушност, барем во моментов, не ви треба уште една нова љубовна врска:

Последните 3 дечковци ви беа катастрофа

Всушност, не можете да се одлучите кој од кого беше полош. Целосно изгубено време и погрешно насочени чувства. Наместо да се развивате како личност, вие постојано се уназадувате.

Мислите дека врската ќе ви ги реши сите проблеми

Факт е дека сме создадени подобро да функционираме во пар и некои тешки проблеми се надминуваат подобро со некој покрај вас. Но, ова функционира само доколку ја имате вистинската личност покрај себе. Во спротивно, проблемите само ќе се зголемуваат, а ниту една лоша врска нема да ги реши.

Очајно се обидувате да го „спасите“

Секоја втора жена со себе го носи синдромот на „спасител“, некоја која ќе го промени мажот на подобро со нејзината љубов и влијание. Таквите врски се одличен рецепт за катастрофа. Не барајте некој кого ќе го спасите, туку некој со кого ќе се надополнувате.

Барате кој било да ја пополни празнината

Без разлика дали станува збор за незадоволство поради работата или изгледот, или пак можеби сте депресивни или осамени. Не можете да очекувате да најдете некој кој магично ќе ви ги реши сите проблеми кои зависат исклучиво од вас.

Се обидувате да го заборавите поранешното момче

Новата љубовна врска може на кратко да ви ги одвлече мислите и вниманието, но тоа сепак не е паметно, ниту долготрајно решение.

Дадете си доволно време да го преболите и бидете целосно подготвени за вашата нова успешна врска, вртејќи сосема празен бел лист.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава