Какво е чувството да си во љубовна врска „без врска“?

Поголемиот дел од нас сметаат дека кога си во љубовна врска, чувството на осаменост или несигурност ќе исчезне. Но, тоа секако не е вистина.

Kako-e-da-se-bide-vo-vrska-bez-vrska-01.jpg

Понекогаш, на потешкиот начин учите дека да се биде во врска не значи автоматски дека сте исполнети, задоволни и среќни.

Како е да се биде во врска – „без врска“?

Партнерот е покрај вас, но исто како да не е

Во најголем дел од времето не ни забележувате дека сте под истиот покрив. Тој е како составен декор на домот со кого не споделувате апсолутно ништо, особено делови од интимноста.

Тоа, секако, не е она пријатна тишина во која може да уживате одделно, но сте блиски еден до друг. Ова е сосема поинакво, заглушувачки осамено чувство.

Никогаш не е тука кога вистински ви е потребен

Кога сте болни, премногу уморни или тажни. Кога сте разочарани затоа што не сте го добиле унапредувањето, кога купувате работи за домот, кога треба да се донесе некоја важна заедничка одлука.

Дури и за најбаналните нешта, кога подготвувате некоја забава дома, тој едноставно е отсутен.

Не ви обрнува внимание

Не ве слуша со внимание додека зборувате. Чувствувате како по 3 пати го повторувате истиот разговор, а тој повторно препрашува за она што веќе сте го кажале јасно и гласно.

Не ве прашува што не е во ред со вас кога е очигледно дека сте нерасположени, ниту пак го забележува вашиот нов фустан или фризура.

Романтичните состаноци се претвораат во групна дружба

Љубовен состанок – што беше тоа? На почетокот од врската имавте толку многу љубов и внимание еден за друг, што не можевте да ги одвоите рацете и очите од другиот.

Сега, секое излегување е сведено на излегување со друштвото, бидејќи вистината е дека не би знаеле што да правите еден со друг кога би излегле само вие.

Се однесува сосема поинаку, кога е со други луѓе

Забележувате дека кога сте во поголемо друштво тој е весел, добро расположен и ја придвижува забавата.

Таа искра како да исчезнува кога сте сами. Истото се случува и со вас. Кога сте со другарките, колегите или други луѓе вие просто блескате. Кога сте сами со партнерот, не знаете што со себеси.

Дечко сте си самите на себе

Едноставно, не ви прави никаква разлика тоа што имате партнер покрај себе, бидејќи е исто како да го нема. Вие се грижите за сè дома, управувате со финансиите и сами носите одлуки за што и да е.

Сексуалниот и интимниот живот се празно множество

Целосно сте отуѓени еден од друг. Ретко имате секс, но што е уште пострашно, вие суштински не споделувате ништо од интимата, не се доверувате еден на друг, ниту пак разговарате вистински.

Почнувате да размислувате каква би била врската со некој друг

Вашиот интерес го будат некои други личности коишто сте ги запознале. Копнеете за поинаков вид на партнерство во кое ќе се почувствувате посреќно, поисполнето.

Воедно, се сомневате дека и тој размислува слично. Тука секако, е крајот на врската.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Луѓе споделуваат искуства за брак и врски без секс: „Поминаа три години откако бевме интимни“ „Јас сум во врска без секс и навистина не знам што да правам. Поминаа три години...
Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg