Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 старомодни љубовни навики кои не изумираат дури ни во 2018 година

Модерно време = модерна љубов. Стануваме сè позависни од технологијата, поцинични, понервозни и не толку трпеливи и компромисни кога станува збор за љубовта.

10-staromodni-ljubovni-naviki-koi-ne-izumiraat-nitu-vo-2018-godina-01.jpg

Сепак, некои добри навики не изумираат така лесно. Без разлика на годината која ја покажува калeндарот, овие љубовни навики нема да се избришат така лесно:

Пишувањето љубовни писма

Во ред, можеби денес добија малку поинаква форма, во облик на мејлови, пораки или пак куси пораки напишани на самолепливи ливчиња, но сепак… зборовите се зборови и тие сепак значат.

Средби во реалниот живот

Колку долго може да се допишувате со некого на Фејсбук, да оставате срциња на Инстаграм или на Тиндер? Доаѓа моментот кога средбата е неизбежна, а тогаш сфаќате дека нема ништо подобро од реалноста, наместо виртуелната фантазија.

Бидејќи физичкиот контакт е бесценет, макар започнало и завршило само со обично ракување.

Квалитетно поминато време со семејството на партнерот

Да, постои одредена доза на задоволство во процесот на запознавање на семејството на партнерот и тој вашето. Особено кога ќе си „кликнете“ со некои членови и ќе почувствувате дека сте дел од цела една нова фамилија… бесценето.

Добивањето цвеќе

Со повод или без повод, добивањето цвеќиња останува еден од најромантичните гестови на сите времиња.

Изненадувањата

Не мора да биде некој особено голем или скап подарок. Понекогаш (речиси секогаш) ситниците се оние кои го прават животот.

Време поминато без технологија

Моментот кога ги исклучувате или оставате телефоните и излегувате надвор, на прошетка, во природа, па макар и на вежбање. Заедно откривате дека постои цел еден поубав свет надвор од социјалните мрежи.

Давањето комплименти

Уште една стара, добра љубовна навика која нема да изумре никогаш. Ништо не може да ве натера да се чувствувате толку добро како комплиментот од саканата личност.

Обврзувањето еден кон друг

Моментот кога некој ви се предава целосно вам, без разлика дали станува збор за врска, живеење заедно, брак или каков било тип на партнерство е гест кој ќе ви го стопли срцето – фактот дека некој/а ве одбрал/а и сака да биде само ваш/а.

Држењето раце

Без разлика дали се случува во јавност, додека се возите во некое превозно средство или сте сами дома и гледате филм, држењето раце е љубовна навика вредна злато.

Заедничкото почитување

Една врска не би можела да успее без заедничкото почитување и сослушување на мислењето на другиот. Компромисот и довербата се исто така клучни за успешна врска. 

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Те молам, почекај ја личноста која ќе ти ја направи љубовта лесна! Учиме дека љубовта што вреди е тешка. Хаотична. А јас сум тука да кажам дека тоа...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg