Навики кои мажот не смее да ги изгуби кога ќе се ожени

Ситниците што ниту еден фраер не треба да ги заборави по кажувањето на судбоносното „да“, навидум делуваат банални, а во суштина се темел за добар и долговечен брак.

naviki-koi-mazhot-ne-smee-da-gi-izgubi-koga-kje-se-ozheni-1.png

Многумина се топат и восхитуваат, секојпат кога на градските улици ќе сретнат двојка во повозрасни години, чијашто блискост е видлива со самиот чин на држење за рацете. 

А, верувале или не, допирот со дланките е првото нешто кое новопечените сопрузи го игнорираат уште веднаш, додека жените сè почесто сонуваат да им го приредат во јавност барем еднаш.

naviki-koi-mazhot-ne-smee-da-gi-izgubi-koga-kje-se-ozheni-2.jpg

Oва се навиките кои мажот не смее да ги изгуби кога ќе се ожени:

1. Држење за раце

Наједноставниот чин на заедништво и припадност се остварува кога паровите без никаков отпор или срам се држат за дланките. Можеби звучи банално, ама важноста на ваквиот допир, како и инсистирањата од страна на жените се всушност оправдани.

Со научно истражување спроведено во Шведска, среќно омажени дами биле подложени на стресни ситуации. Следејќи им ја мозочната активност при изложувањето на благи електрошокови, докажана е 45 проценти помала реакција на стрес, доколку во моментот ги држеле сопрузите за раце.

Допирот зближува, предизвикува лачење на хормонот на среќата и ги зајакнува меѓусебните односи.

naviki-koi-mazhot-ne-smee-da-gi-izgubi-koga-kje-se-ozheni-3.jpg

2. Одење еден до друг

Низ годините мажите го губат заштитничкиот порив кон жените. Со чинот на освојување и еднаш изговореното „да“, кај нив е задоволено чувството дека  триумфирале. Оттука не зачудува грдата слика, кога наместо да одат паралелно со понежните половини, тие итаат и по неколку чекори пред сопругите.

Експертите тврдат дека ова е една од најлошите навики. А, оженетите мажи неретко ја практикуваат. Како да забораваат на партнерките, кога и да се движат заедно во јавност.

Чувството на припадност и заштита, во голема мера го подразбира и одењето еден до друг. Притоа, не мора да бидете во близок контакт и со префрлени раце преку рамената. Но, заедничкиот чекор е поглед и кон заедничката иднина.

naviki-koi-mazhot-ne-smee-da-gi-izgubi-koga-kje-se-ozheni-4.jpg

3. Отворање на врата

Едно од основните бонтон правила е дека господинот секогаш ѝ отвора врата на дамата. Но, денешното отсуство на кавалери, некако го потисна дури и најнормалниот чин.

Не постои девојка што нема да признае, дека колку и да е самостојна и самосвесна, ваквиот гест е меѓу најубавите искази на почитување кон неа.

Ништо поразлично не размислуваат ни жените со венчален прстен на раката. Напротив. Баш во бракот сите мажи треба да останат џентлмени до крај.

naviki-koi-mazhot-ne-smee-da-gi-izgubi-koga-kje-se-ozheni-5.png

4. Заеднички патувања

Дел од најубавите спомени на повеќето романтични двојки, настанати се за време на нивните заеднички патешествија во земјата или странство.

Одењето во пар, па макар и на еднодневен излет во непосредна близина на домот, ќе го разбуди чувството на вљубеност и поривот за одново запознавање со карактерот на личноста што ја сакате. А, најважно од сè – ваквата навика посебно ги зближува сопружниците.

Сепак, истражувањата покажуваат дека сопругите се тие кои вообичаено планираат патувања, додека мажите ги поистоветуваат со тормозење. Ова е сосема погрешен став, затоа што страста и љубовта, одвреме навреме вреди да се облагородат и со ваков „компромис“.

naviki-koi-mazhot-ne-smee-da-gi-izgubi-koga-kje-se-ozheni-6.jpg

5. Лична хигиена и педантност

Мирисливи, чисти и уредни. Такви се повеќето мажи на почетокот од врската, односно во текот на освојувањето на жената од соништата. Меѓутоа, се чини како прстенот на раката да ги ослободува некои фраери од било каква потреба да се грижат за самите себе и во иднина.

Поточно, тие очекуваат од избраничките да им водат сметка за извалканата облека, расфрланите чорапи на подот, или, пак, мокриот пешкир што го оставиле во бањата по туширањете. Притоа, забораваат дека сопругите не се нивни мајки.

Ова никако не смее да се изуми. Ситниците како споменатите се најчестите причини за расправии во бракот, а проблемот лежи токму во припадниците на посилниот пол.

naviki-koi-mazhot-ne-smee-da-gi-izgubi-koga-kje-se-ozheni-7.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Мажите и жените открија која им е најмалку омилена секс поза (и сигурно ќе се изненадите) (+18) 1000 мажи и жени од Европа и САД кои се во врска, одговараа на анкетни прашања з...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg