25 прашања што ќе ви помогнат да откриете каква е состојбата на вашата врска

Терапевтката Џиани Адамо составилa листа од 25 прашања кои наводно можат да ја откријат вистинската состојба на вашата врска.

25-prashanja-shto-kje-vi-pomognat-da-otkriete-kakva-e-sostojbata-na-vashata-vrska-001.jpg

Прашањата се поделени во 5 основни категории кои се важни за иднината на секој љубовен однос – чувства, потреби, комуникација, вредности и иднина.

Одговорите на прашањата можат да ви покажат какви се вашите вистински чувства кон партнерот, дали се задоволени вашите потреби, дали меѓусебната комуникација е добра, дали делите исти животни вредности и дали имате иста визија за иднината.

Чувства

1. Кога сме заедно, дали се чувствувам пријатното и среќно или тажно, збунето и фрустрирано?

2. Дали го почитувам партнерот таков каков што е или сакам да го променам?

3. Дали партнерот ме почитува или не му е грижа за моите чувства?

4. Дали го ценам влијанието на партнерот врз мојот живот или се чувствувам искористено од него?

5. Кога со партнерот ги споделувам своите мисли, грижи и чувства, дали ме слуша и ми одговара со емпатија или ме игнорира?

Потреби

6. Дали врската ни е исто важна и на двајцата?

7. Дали сме секогаш овде еден за друг или морам да му кажувам секогаш кога ми е потребен?

8. Постои ли рамнотежа во нашиот однос или јас сум таа што ја одржува врската во живот?

9. Дали моите потреби му се еднакво важни на партнерот како и неговите, или ги игнорира моите на сметка на неговите?

10. Дали го вадиме најдоброто еден од друг, или со партнерот се чувствувам како родител кој постојано мора да внимава на него?

25-prashanja-shto-kje-vi-pomognat-da-otkriete-kakva-e-sostojbata-na-vashata-vrska-2.jpg

Комуникација

11. Дали уживам во нашите разговори?

12. Дали партнерот ме разбира и следи кога разговараме?

13. Дали верувам во зборовите на партнерот или се чувствувам манипулирано?

14. Дали партнерот ги зема предвид моите сфаќања кога имаме различни мислења за нешто?

15. Дали можам без проблем да го одбијам партнерот за нешто, или моето одбивање никогаш не се почитува?

Вредности

16. Дали имаме слични погледи кон светот?

17. Дали останувам верна на моите ставови или сум ги изгубила во врската?

18. Дали се согласуваат нашите стилови на живот?

19. Дали партнерот е финансиски одговорен и дали има план за својата иднина или живее од ден за ден?

20. Дали исто ги цениме искреноста, отвореноста и посветеноста во врската?

Иднина

21. Дали партнерот ме вклучува во неговите планови, одмори и семејни собири или јас сум неговата „тајна девојка“?

22. Дали партнерот е секогаш јасен кога станува збор за она што го сака од животот или ги избегнува овие разговори?

23. Дали јасно му имам објаснето на партнерот што очекувам од врската и што ми е потребно за да се чувствувам среќно?

24. Може ли тој да ми го овозможи тоа?

25. Дали на партнерот му е важна мојата среќа и дали се гледа со мене во иднина, или јас сум единствената на која ѝ е важна нашата среќа долгорочно?

 Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
10 знаци дека треба да престанете да се надевате дека партнерот ќе стапи во брак со вас Вели дека не сте во сериозна врска и никогаш не ви дава конкретен одговор кога г...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
„Велосипед“ - Секс поза со која ќе го излудите партнерот (18+) Оваа секс поза е одлична за да го излудите партнерот затоа што му нуди целосен п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg