Како се менувате кога ќе се заљубите?

Кога ќе се заљубите, целиот живот ви се менува. Два сосема различни света се обединуваат за да ве направат уште подобра личност. Кога сте заљубени се претворате во подобра верзија на себе.

Eve kakvi promeni moze da donese ljubov vo nasite zivoti 01

Еве какви промени може да донесе љубов во нашите животи:

Љубовта нè учи на емпатија

Во нашите односи ни е потребна емпатија, за да ги разбереме чувствата на нашиот партнер. Кога можеме да ги разбереме нивните емоции, знаеме што да им кажеме и како да ги утешиме. Ова е неверојатно искуство кое ги прави нашите односи посилни.

Некои луѓе почнуваат да бидат повеќе сочувствителни, не само кон блиските луѓе, туку и кон странците.

Љубовта ни дава трпеливост

Ако никогаш не сте разбрале зошто треба да бидете трпеливи со другите луѓе, љубовта ќе ве научи на оваа лекција. Трпението е основа врз која се гради довербата.

Љубовта ни покажува зошто треба да бидеме љубезни

Точно е дека ја идеализираме другата половина. Но кога магијата на овие чувства ќе ослаби, почнуваме да ги гледаме сите нивни слабости. Во овој момент е важно разбереме дека треба да бидеме љубезни кон нив во секоја ситуација.

Eve kakvi promeni moze da donese ljubov vo nasite zivoti 02

Љубовта е столб на мотивација

Во некои случаи луѓето се способни да ги постигнат целите за кои никогаш не ни сонувале, да го променат својот животен стил поради инспиративната љубов што ја добиваат и сл. 

Тоа е столбот на мотивацијата и надежта, а многу приказни потврдуваат дека ова е вистина.

Љубовта ни ја покажува границата меѓу самосвеста и безусловноста

Љубовта ќе ве присили да ги дефинирате своите границите и да ги почитувате другите. Убаво е да се биде во врска, но важно е да сфатите дека никогаш нема да станете една целост.

Љубовта ни помага подобро да се разбереме

Никој не може да биде совршен. Сè што треба да направите е да бидете искрени и транспарентни, дури и ако имате многу стравови. Вашите односи ќе напредуваат само кога ќе знаете што навистина сакате и како да го добиете.

Eve kakvi promeni moze da donese ljubov vo nasite zivoti 03

Љубовта нè учи да простуваме

Сите сме човечки суштества кои прават грешки. Ова не е лесно да се прифати, особено кога имаме големи очекувања од луѓето. Многу различни луѓе потврдуваат дека љубовта ни дава сила да им простиме на другите.

Љубовта нè прави посилни

Љубовта нè прави посилни, но некои луѓе мислат дека ова се однесува само на искуство поврзано со раскинување или изневерување. Тоа не е точно.

Постојат многу тешки ситуации со кои паровите можат да се соочат, тоа е она што ќе ги направи посилни. Станувате посилни кога учите како да бидете трпеливи, весели и љубезни.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg