Постојат 7 видови на привлечност - сексуалната е само една од нив

Привлечност може да постои од најразлични причини, па понекогаш можеме да бидеме фасцинирани од некоја личност дури и ако истата не ни одговара сексуално.

Sedum vidovi na privlecnost seksualnata e samo edna od niv 01

Овие видови ретко доаѓаат сами, а најчесто се наоѓаат во комбинација со други видови на привлечност. Помеѓу сексуалната врска и пријателството, луѓето чувствуваат различни видови привлечност, што кај нив создава потреба да креираат различни видови на врски.

Постојат повеќе „состојки“ во целокупната комбинација која ја прави некоја личност привлечна, а сексуалната привлечност е само една од нив.

Ова се седум видови на привлечност:

Сексуална привлечност

Сексуална привлечност е чувство кое предизвикува желба за сексуален контакт со одредено лице. Ако постои хемија, без потреба од друг вид комуникација, ова е чиста сексуална привлечност.

Романтична привлечност

Романтична привлечност е желба за романтична врска со одредена личност. Потреба да се запознаете, да се држите за рака и да ги споделувате интимните детали за себе. Овој вид на привлечност е основата на повеќето врски.

Sedum vidovi na privlecnost seksualnata e samo edna od niv 02

Вљубеност

Вљубеност е романтична привлечност кон некого, желба за некаков вид на романтична врска. Оваа желба може да биде привремена по природа и може да значи дека луѓето нема да дејствуваат во согласност со неа.

Занес

Дечкото од соседството што го среќаваме понекогаш, колегата или некој што ни е многу привлечен, но веројатно нема да сториме ништо во врска со тоа.

Овие лица се одлични за флертување и подигање на самодовербата, но оваа привлечност е честопати само пријателска.

Платонска привлечност

Платонска врска значи длабока поврзаност и меѓусебно почитување и восхитување, но без желба за романтична врска или сексуален однос.

Sedum vidovi na privlecnost seksualnata e samo edna od niv 03

Сензуална привлечност

Слична е како сексуалната, но овој вид привлечност е повеќе софистициран. Додека сексуалната привлечност е релативно сурова, сензуалната привлечност подразбира нежност и малку подлабока емоција.

Ова е желба да се прават сензуални (но не и сексуални) работи со некое лице.

Естетска привлечност

Привлечност која не е поврзана со желба да се прави нешто со одредена личност, сексуално или романтично. Се работи за восхит кон некоја личност.

Ова значи дека едно лице ги исполнува нашите естетски стандарди, но тоа не значи дека сакаме нешто повеќе со неа.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg