Нереални очекувања во врска
Се уморивте од врски кои не водат никаде, или пак ви здодеа да бидете сами? Немојте да се обесхрабрувате. Секој може да оствари добра...
...љубовна врска, но за тоа треба време, малку труд и ментална дисциплина. Ако така постапите, сигурно ќе ги видите резултатите.
Бирајте паметно. Дури и момците кои редовно го прават првиот чекор подготвено ќе и одговорат на жената која прва им пришла. Признајте, без оглед на тоа дали сте маж или жена, ако некој посака да флертува со вас, реагирате со хормоните, а не со главата. Неучете се да се ослободите од „хормонските“ реакции и изборот засновајте го на одредени критериуми кои сте ги поставиле во моментите кога многу подобро сте размислувале.
Не сте сигурни кои се тие критериуми? Ништо страшно – само сетете се секој има свои приоритети. Ако почнете да составувате листа на приоритети, ќе се изненадите колку може тоа да ви помогне да се фокусирате на вистинските очекувања наместо да губите време во безбројните флертови.
Во ред, повеќе не верувате во фантазиите инспирирани со холивудски сценарија: дека ќе сретнете некој што е прекрасен и совршен и кој ќе ве сака без оглед на сè.
Но, постојат уште нереални очекувања кои можат да го заведат секој од нас. Потсетете се на десетте најлоши нереални очекувања со кои всушност ги саботираме добрите врски.
Дури и ако ви се чини дека првите неколку очекувања се навистина глупави и нереални, продолжете со читањето, пред да стигнете до крајот од листата – едно, или повеќе очекувања ќе ве засегнат и вас:
1. Вистинскиот маж/вистинската жена ќе го поправат мојот живот.
2. Тој/таа ќе биде тотоално заљубен/заљубена, потполно отворен/отворена, а сепак ќе ја задржи таинственоста.
3. Тој ќе биде подобар и попаметен во секоја смисла (вака мислат жените).
4. Тој ќе одговори на секој предизвик и ќе ги повлече вистинските потези (вака мислат жените).
5. Таа по природа на нештата ќе биде сè подобра во домашните работи (вака мислат мажите).
6. Таа ќе биде помалку способна (вака мислат мажите).
7. Ако љубовта е вистинска, тој/таа ќе знае што сакам, без да ме праша за тоа.
8. Тој/таа ќе променат на себе сè што мене не ми се допаѓа и ќе го прави тоа што сакам јас.
9. Дури и ако не биде така, некако „тие мали работи“ кои ме нервираат ќе станат подобри.
10. Врската ќе биде секогаш иста.
Сите овие очекувања се најчесто нереални. Ако барем едно од набројаниве ви се чини блиско, можеби баш тоа е она кое ве нервира, а го нервира и вашиот партнер, па ја саботира и добрата врска.
Би можело да ве интересира:





