Вие прашувате, психолог одговара: „Откако прекинав долга врска, се плашам од нова и со години сум сама“

Прекинот на партнерска врска е едно од најболните емоционални искуства за луѓето. Болката воопшто не е за потценување, и голем број на луѓе бараат психолошка поддршка при овие животни раскрсници и преодни животни периоди.

vie-prasuvate-psiholog-odgovara-otkako-prekinav-dolga-vrska-se-plasham-od-nova-i-so-godini-sum-sama-01.jpgфото: м-р Ивана Хаџиванова приватна архива / pexels.com

Психологот и психотерпевт м-р Ивана Хаџиванова ни пишува на темата.

Ретко кој може да остане рамнодушен во овој процес, и самото преболување на личноста која сме ја изгубиле знае и да потрае. Тој процес е особено болен во почетниот период, кога остануваат навиките, но и голема празнина во денот, односно целокупното живеење.

Во тие периоди многу е важно да се насочиме кон добра грижа за себе, разни активности и минување време со семејството и блиските пријатели кои го сочинуваат системот на поддршка. Разговорите со нив и споделувањето на емоциите, се често корисни и делотворни и помагаат во метаболизирање на случувањата.

Често го добивам прашањето колку време е потребно да помине за болката да помине и некој да се преболи. Одговорот е дека времето е индивидуално, и зависи од многу фактори: од тоа колку време траела врската, од тоа колку многу се инвестирало во неа, од силината на емоционалната поврзаност која постоела, од личните капацитети и уверувања, од претходното животно искуство со вакви процеси, од начинот на кој се случува крајот, од причините за прекинот, од тоа дали можеби во врската имало психолошко или било какво друго насилство, од поддршката од околината и тн.

vie-prasuvate-psiholog-odgovara-otkako-prekinav-dolga-vrska-se-plasham-od-nova-i-so-godini-sum-sama-02.jpgфото: pexels.com

При прекин на врска, најчесто личноста се соочува со бура на интензивни емоции и тоа тага, лутина, збунетост, несигурност, себеобвинување, преиспитување и премотување на „филмот’’, но и страв од тоа што би се случувало во иднината.

Процесот на тагување по загубената личност, знае да има осцилирачки тек, во кој има добри денови, но и лоши, односно многу болни. Секако дека има примери и кога луѓето чувствуваат олеснување со самиот крај, доколку тие го посакувале и одлучиле, или врската ја чувствувале како товар, притисок или „затвор’’.

Нешто што многу често го слушам од луѓе кои тукушто прекинале емоционална врска се типичните прашања кои лебдат, а се од типот - дали ќе најдам друг партнер, дали друг ќе ме сака и прифати, дали сексот ќе биде исто добар, дали моите родители ќе го прифатат другиот партнер, дали ќе најдам подобар човек и колку време ќе ми треба, и слично.

Прочитајте и: Не е секогаш заради сексот: На тема „Зошто изневеруваме?“ со м-р Ивана Хаџиванова, психолог

Кај дел од луѓето, кои останале особено повредени од партнерската релација, и кај кои можеби имало токсично дисфункционално поврзување и неадекватен однос од партнерот, се јавува и интензивен страв да не се повтори истото во наредната релација. Долгото време потребно за емоционална регенерација од токсичната врска и стравот од иднината и од следни грешни избори, знаат да направат и емоционални блокади во личноста кои може да се во функција и на почетна заштита за неа, но ако не се надминат може да ја фиксираат личноста во една позиција на изолација и осама.

Но, и покрај болните емоции кои се придружни на разделбите, не треба да се плашиме и спречуваме себеси повторно да сакаме со цело срце, бидејќи штитејќи се и избегнувајќи ги негативните емоции, ќе се лишиме и од сите најубави емоции кои ги носи љубовта.

Текстот го подготви М-р Ивана Хаџиванова 
Психолог, Психотерапевт и Супервизор
Основач на НЕОКОРТЕКС- Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација
НЕОКОРТЕКС може да ги следите на Фејсбук и Инстаграм

Доколку имате прашања и теми кои би сакале да ги разговараме со психологот, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg