Заведете ја без зборови

zavedete-ja-bez-zborovi-povekjeНаместо да бидете заводник кој многу зборува, а малку работи, бидете некој кој ги знае сите тајни на тивкото заведување. Сте здогледале девојка...


...која ве заинтересирала? Треба само да и пријдете, но пред сè треба добро да го подготвите теренот.

Емитувањето на заводнички сигнали не е лесна работа, но тоа нека не ве колеба. Многу е важно да се направи атмосфера во која ќе знаете дека нема да бидете одбиени.

zavedete-ja-bez-zborovi

Отворените повици на „мување“ никогаш не се најуспешниот патоказ кон љубовта, особено ако се наоѓате на другата страна од просторијата и едвај се гледате од гужвата.

Обезбедете празен простор на другиот крај од просторијата, а уште поидеална би била ситуацијата ако успеете да се приближите толку што би можеле да си шепотите на уво.

При тоа сметајте дека сте го усовршиле својот поглед, бидејќи очите се одличен комуникатор и врз основа на нејзиниот поглед ќе знаете дали е подеднакво заинтересирана за вас како вие за неа. Фаќањето поглед може да биде вистинско охрабрување за сите понатамошни постапки.

Е сега, ако очите покажуваат желба, тогаш устата сигурно преставува покана. Креирајте „отворена покана“. Во што е трикот?

Во насмевката, се разбира. Заборавете ја онаа широка насмевка за фотографирање „од заби до заби“... Наместо тоа, „нафрлете“ заводлива  полунасмевка. Таа треба да добие впечаток дека насмевката и е наменета исклучиво неа.

Потоа, доволно е да се сврти погледот и да се почека... Целата работа може да се претвори во страст многу побргу отколку што сте очекувале.

Трудете се секогаш да читате меѓу редови. Ако ви каже „не сум навикната да се забавувам со мажи како што си ти“, таа всушност мисли „како воопшто ми падна на ум да излезам со тебе?“

Би можело да ве интересира:

„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg