Секс во тројка и уште 3 „експерименти“ за кои може да се каете ако не размислите добро однапред (18+)

Можеби спонтаноста го прави сексот подобар, но за некои експерименти и авантури морате добро да размислите и да се подготвите пред да се впуштите во нешто за што може подоцна да се каете.

seks-vo-trojka-i-ushte-3-eksperimenti-vo-spalnata-soba-za-koi-treba-dobro-da-razmislite-i-da-se-podgotvite-01.jpg

Навистина е одлично ако сакате да експериментирате во спалната соба, но ако сте во брак или сериозна врска, мора да обрнете внимание на сите детали.

Да почнеме со наједноставниот пример - ако дојдете до точка пред изневерување на партнерот, треба добро да размислите како тоа ќе влијае врз вашата врска и дали воопшто вреди да ја разнишате довербата за само една кратка авантура.

Покрај изневерувањето, има уште неколку љубовни и секс експерименти, кои иако можеби во еден момент ви изгледаат како делумно добра одлука, сепак може да остават последици, па треба добро да размислите пред да се впуштите во кој било од нив. 

Секако, со ова не сакаме да ве натераме со сила да размислувате на овие активности, но факт е дека во реалноста се случуваат, па затоа секс терапевтот Трејси Кокс споделила неколку совети кои треба да ги имате на ум, а ние ви ги пренесуваме во целост.

Погледнете за кои експерименти во спалната соба треба добро да размислите пред да ги направите, за да не се каете кога ќе биде доцна:

„Импулсивно“ неверство

Неверството е најлошото нешто што можете да му го направите на партнерот, а после чинот, веројатно и вие нема да се чувствувате најдобро. Факт е дека луѓето изневеруваат, и тоа поради многу причини, не само за секс, а последиците се речиси секогаш катастрофални.

Ако сте во брак или сериозна врска, а се најдете во искушение да имате секс со друга личност, добро размислете дали една кратка авантура вреди да си ја растурате врската. Помислете како ќе се чувствува вашиот партнер штом ќе дознае за неверството и помислете како би му објасниле зошто сте го направиле тоа.

Дури и ако партнерот ви прости, довербата во врската ќе биде разнишана и партнерот, најверојатно, постојано ќе се сомнева во вас.

Ако, пак, сте убедени дека сакате да го изневерите партнерот, без разлика поради која причина, размислете дали тогаш вреди да ја продолжите врската со него.

seks-vo-trojka-i-ushte-3-eksperimenti-vo-spalnata-soba-za-koi-treba-dobro-da-razmislite-i-da-se-podgotvite-04.jpg

Секс со пријател

Можеби никогаш не сте чувствувале привлечност кон некој близок пријател, но сте останале сами, сте испиле некоја чашка повеќе и сега размислувате за секс со него. Но, пред да го направите првиот чекор, размислете како оваа авантура ќе влијае врз вашето пријателство.

Дали ќе се чувствувате непријатно кога ќе се сретнете следниот пат? Дали можеби кај едниот од вас ќе се родат чувства кои другиот нема да ги возврати? Ова се нешта кои можат да му стават крај на вашето пријателство, без разлика колку долго се познавате.

Од друга страна, ако станува збор за пријател кој потајно ви се допаѓа, пред да преземете нешто, размислете дали и тој се чувствува исто.

На пример, помислете како реагира пријателот кога му зборувате за некоја личност што ви се допаѓа – дали го избегнува разговорот или ве охрабрува да го направите првиот чекот? Ако ве охрабрува, голема е веројатноста да ве гледа само како пријател и ништо повеќе.

Генерално, не избрзувајте сè додека не сте сигурни дека и пријателот е заинтересиран за вас. Во спротивно, само можете да бидете повредени и да изгубите пријател.

seks-vo-trojka-i-ushte-3-eksperimenti-vo-spalnata-soba-za-koi-treba-dobro-da-razmislite-i-da-se-podgotvite-05.jpg

Анален секс

Многу парови практикуваат анален секс, но и ова е нешто за коешто треба добро да се подготвите.

Најпрво, во овој случај, немојте никогаш да ја прескокнувате предиграта. Потребно е време да се релаксираат мускулите во аналниот отвор, па ако преминете директно на пенетрација, поверојатно е жената да чувствува болка отколку уживање.

За да се подготвите, можете да почнете со нежна масажа и пенетрација со прсти или секс играчка. Притоа, не заборавајте да користите многу лубрикант – за разлика од вагината, аналниот отвор нема природна лубрикација.

seks-vo-trojka-i-ushte-3-eksperimenti-vo-spalnata-soba-za-koi-treba-dobro-da-razmislite-i-da-se-podgotvite-02.jpg

Секс во тројка

Ако сте во брак или сериозна врска, а сте помислиле да пробате секс во тројка, морате добро да размислите за сите последици. Најочигледната причина за ова е љубомората.

Можеби на почетокот и вам и на партнерот сексот во тројка ќе ви изгледа како добра идеја, но повеќето парови кои го направиле ова без размислување, подоцна се каат. Скоро никој не сака ни да го замисли партнерот со друга личност, а за време на секс во тројка ќе го гледате токму тоа.

Без разлика колку добро изгледа фантазијата во вашата глава, добро размислете како ќе се чувствувате ако гледате како партнерот бакнува или има секс со некој друг/а.

Доколку сепак се одлучите за секс во тројка, морате да поставите некои правила. Договорете се што е дозволено, а што забрането и ако некој од вас во еден момент сака да престане, направете го тоа.

Истовремено, не заборавајте дека вашата врска сигурно е многу поважна од една секс авантура, а тоа може да остави последици во вашиот однос.

seks-vo-trojka-i-ushte-3-eksperimenti-vo-spalnata-soba-za-koi-treba-dobro-da-razmislite-i-da-se-podgotvite-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Секс поза „шампањ соба“, соодветна и за во просторија без кревет (18+) Жената ја води динамиката, но и мажот помага. Може да се изведе дури и на столче...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg