10 љубовни заповеди

10-ljubovni-zapovedi-povekjeБез разлика на верата, расата, националноста, или сексуалнотот определување, овие 10 љубовни заповеди треба да ги почитуваат сите што...


...сакаат нивната љубовна врска да биде долга и квалитетна.

1. Секогаш давај 100% - тоа не значи дека треба да го изгубиш сопственото Јас и да правиш сè што ќе посака другиот, туку да му се препуштиш на партнерот и да имаш потполна доверба во него.

10-ljubovni-zapovedi

2. Почитувај ја индивидуалноста и личноста на својот партнер – луѓето се менуваат кога ќе влезат во врска, но никогаш немојте да вршите притисок на партнерот да се смени многу и при тоа да ја изгуби својата личност.

3. Комуницирајте – комуникацијата е најверојатно најважниот фактор за квалитетна врска. 

4. Прифатете ги промените и подржете го партнерот – како што спомнавме, луѓето се менуваат, растат, напредуваат....бидете му на партнерот подршка, а не задршка. 

5. Живејте ја својата љубов – не дозволувајте поради секојдневните проблеми да заборавите на својата врска. Квалитетно поминатото заедничко време може да ја освежи секоја врска. 

6. Во добро и во зло – венчани или не, за секоја квалитетна врска е важно да го споделувате и она што ве радува и она што ве растажува... заедно полесно се решаваат проблемите, но убаво е и кога успехот ќе се подели.

7. Слушајте – понекогаш многу ни значи кога некој само слуша, без совети или коментари. Немојте да заборавите да ја возвратите услугата. 

8. Слушајте го срцето, но и разумот – срцето нè води низ љубовната врска со партнерот, но понекогаш е добро да се послуша и разумот. Најдете баланс помеѓу едното и другото.

9. Немојте да бидете нетрпеливи – дури и ако сте имале напорен ден, или пак се сомневате дека партнерот направил нешто против вас, немојте да се „истурате“ на партнерот туку решете го тоа на разумен начин. Подоцна ќе бидете задоволни со себеси.

10. Изразете ја љубовта на сите начини – не е доволно само да зборувате „те сакам“, само да покажувате на дело, или само сексуално да се докажувате. Љубовта треба да се изразува и со зборови и со дела, и емоционално и сексуално - со комбинирање на сите изразувања. 

И, секако овие заповеди треба да ги почитуваат двајцата партнери. Еден партнер, сам, не може да ја одржи врската. 

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg