6 секс пози за луѓето кои немаат голема самодоверба (18+)

Луѓето што немаат премногу голема самодоверба или се загрижени за изгледот на сопственото тело мое да испробаат која било од овие шест секс пози што ќе им овозможат да уживаат во задоволството и да не се опседнуваат со неважни работи.

6-seks-pozi-za-lugjeto-koi-nemaat-golema-samodoverba-18-01.jpeg

„Дали ова што го правам е во ред?“, „Леле, како изгледам?“, „Дали се забележува дека немам големо искуство?“ – ова се само дел од причините поради кои голем дел од луѓето се соочуваат со недостаток на самодоверба во сексот.

За да се справите со овој проблем потребно е да се свртите кон некои „класични“ секс-пози што ќе ви помогнат да ја поткренете самодовербата за потоа полесно да можете да се опуштите во интимните мигови со партнерот.

Погледнете со кои шест секс-пози можете да ги почнете интимните мигови доколку самодовербата не ви е најсилната страна:

Мисионерска поза

Испробана и докажана „класична“ секс поза. Тоа што сте блиску до партнерот и се гледате во очи, значи дека тој/таа нема да има можност премногу да гледа во другите делови од вашето тело, што ќе ви помогне полесно да се опуштите доколку главна преокупација ви е изгледот на вашето тело.

Дополнително, тоа што оваа секс поза е мошне „едноставна“ ќе им помогне и на оние што се загрижени за недостатокот на сексуалното искуство.

shest-seks-pozi-za-lugjeto-shto-nemaat-golema-samodoverba-02.jpg

Завртена каубојка

Девојките што немаат голема самодоверба за сопственото тело, може да се срамат од тоа како изгледа нивниот стомак или градите кога се горе.

Затоа со свртување во обратна насока, можете да го „скриете“ она што не сакате да се гледа, а сепак да уживате во тоа да бидете горе.

shest-seks-pozi-za-lugjeto-shto-nemaat-golema-samodoverba-03.jpg

Кучешка поза

Уште една испробана „класична“ секс поза, за која нема потреба да имате многу големо искуство за да ја изведете. Освен тоа, никој од партнерите не го покажува целото тело.

shest-seks-pozi-za-lugjeto-shto-nemaat-golema-samodoverba-04.jpg

Жаба во скок

Оваа секс-поза е варијација на кучешката поза што ќе ви дозволи многу повеќе да се фокусирате на задоволството, наместо да се опседнувате со тоа како ви изгледа телото.

Оваа поза можеби ќе ви изгледа малку посмела од кучешката и ќе ви помогне да ја поткренете самодовербата.

shest-seks-pozi-za-lugjeto-shto-nemaat-golema-samodoverba-06.jpg

Лажица

Уште една секс-поза во која ниту еден од партнерите не го покажува сопственото тело, а ќе ви овозможи да уживате во интимните мигови.

shest-seks-pozi-za-lugjeto-shto-nemaat-golema-samodoverba-07.jpg

Лотус

Тоа што партнерката се наоѓа горе, но е блиску и залепена до партнерот овозможува и двајцата партнери да ги скријат сопствените тела.

Ова е тантричка секс поза што дефинитивно нуди незаборавно задоволство и за двајцата партнери.

shest-seks-pozi-za-lugjeto-shto-nemaat-golema-samodoverba-08.jpg

Прочитајте и Најдобрите секс пози за женски оргазам

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg