Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Жените и сексот

zenite-i-seksot-povekjeЖените се многу пребирливи кога е сексот во прашање. Некои работи повеќе ги сакаат, некои помалку, а некои воопшто. Бараат, а знаат и што...


...тоа е едниствената работа која дефинитивно може да се потврди.

Меѓу нив има и такви кои не сакаат мажи во затегнат слип (повеќето сметаат дека боксерките се посекси), а има и такви кои не сакаат влакнести гради или неизбричено лице...

zenite-i-seksot

Некои не сакаат безобразно зборување за време на сексот, или не го разбираат ритуалот со цигарата по сексот. Илјада жени, илјада умови.

Би се рекло дека е невозможно секоја да се задоволи. Секако, кога секоја жена сака нешто друго, поинакво.

Она што сигурно нема да и се допадне е прескокнувањето на предиграта, ако тоа го направите, не ви гине црвен картон. Нежноста е еден од сигурните патишта по кои треба да се оди кога се жените во прашање.

Сепак, веројатно најлошата работа која што може да ви се слуши за време на љубовниот чин е да ја ословите со име на друга жена. Нејзината реакција во таква ситуација може да се предвиди, но бидете уверени, нема да биде воодушевена.

Страшно е да се бараат „безобразни“ работи на вулгарен начин, да се зборува за сопствената љубовна умешност и способности, или да ја прашате дали и е добро.

Доколку сте помислиле дека по сексуалниот чин сè е готово, сте погрешиле. Жените обрнуваат посебно внимание на моментите потоа.

Ако сакате да заблескате во нејзините очи, немојте да ги користите заедничките моменти за да ја споредувате со своите бивши, но немојте и од неа да барате да прави паралела помеѓу вас и своите бивши – жените не сакаат такви ситуации, дури и ги презираат.

Немојте да се свртите на другата страна, немојте веднаш да заспиете ниту да се дружите со телевизорот.

Мала е веројатноста дека ќе и се допадне ѕвонењето на вашиот мобилен за време и веднаш по љубовниот чин. Такви работи, не се простуваат.

Би можело да ве интересира:

Зошто зголемената желба за секс кај партнерот може да биде знак за неверство, според секс експерт? „Теоријата дека дома воопшто нема да бидете заинтересирани за секс, ако го добив...
„Азиска каубојка“ – Секс поза која ветува брз оргазам кај двајцата партнери (18+) Оваа секс поза е слична на класичната каубојка, но различното поставување на ноз...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
5 совети за да му помогнете на партнерот да не доживее брз оргазам (и да не останете разочарани) Знаете ли дека кегеловите вежби можат да му помогнат на партнерот полесно да ја ...
Виe прашувате, македонски сексолог одговара: „Партнерот доживува оргазам за 2 минути, како да му пом... „Партнерот доживува оргазам многу брзо (за 2 минути буквално), како да му помогн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg