„Не сме имале секс една година - зошто жена ми не признава дека има афера?“

„Со сопругата не сме имале секс речиси цела година и таа едвај зборува со мене. Секоја вечер ја минува излезена со пријателките или работи до доцна. Една вечер пред неколку седмици таа стана од каучот и го остави мобилниот телефон на масичката. Тој светна и видов дека ѝ стигна порака од колега...“

ne-sme-imale-seks-edna-godina-zoshto-zhena-mi-ne-priznava-deka-ima-afera-01.jpg

Маж се обраќа до британскиот магазин TheSun со емотивна исповед дека неговата сопруга комуницира со друг маж и најверојатно го изневерува.

Тој искрено ја објаснува ситуацијата во која се наоѓа:

„Со сопругата не сме имале секс речиси цела година и таа едвај зборува со мене. Секоја вечер ја минува излезена со пријателките или работи до доцна.
Јас имам 56, а таа 54 години, во брак сме 25 години, а децата повеќе не живеат со нас.

Една вечер пред неколку седмици таа стана од каучот и го остави мобилниот телефон на масичката.

Тој светна и видов дека ѝ стигна порака од колега, кој е 10 години помлад од неа и знам дека е женкар.
Кога се врати ѝ кажав дека добила порака, а таа го провери телефонот и кажа дека станувало збор за нешто од работа.

Но, јас ја видов пораката и гласеше: „Кажи ми кога ќе бидеш сама“.
Моите сомневања се разгореа и во наредните денови го проверував нејзиниот телефон. Ѝ стигаа пораки од него, дури и навечер додека лежеше со мене на спалната и се преправаше дека гледа нешто на социјалните мрежи, таа се допишуваше со него.

Вчера се соочив со неа и таа негираше. Ми го покажа дури и телефонот, но пораките веќе ги имаше избришано.
Во текот на денот ме бомбардираше со внимание и беше нежна како ретко кога.

Вознемирен сум што спие до мене, а комуницира со друг маж.
Подготвен сум да вложам напор за да си го средиме бракот, но ми изгледа како таа да се има откажано од нашиот брак.“

Советот од психологот:

„За жал, и сам си свесен дека сомневањата не ти се неосновани. Сепак, твојата сопруга можеби нема и не планира да има сексуална афера, можеби само ѝ недостига внимание, можеби овој помлад маж прави таа да се чувствува подобро во врска со себеси.

Можеби вашата врска ја изгубила искрата и за да ја вратите мора малку да ги промените рутините.

Испланирај некој викенд настрана или пак одмор, верувај промената на атмосферата ќе направи чуда за вашата врска и особено за сексуалниот живот.

Кажи ѝ дека ја сакаш и дека сакаш вашиот брак да опстои.
Објасни ѝ колку ти е важна искреноста и да ти ја каже вистината, дури и таа да е болна.
Може и да ѝ предложиш да одите заедно на брачен советник.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg