Љубовта не е недоверба. Љубовта не е испрашување каде си, со кого си, чепкање и проверување на телефонот на партнерот додека тој е во тоалетот или пак спие. Љубовта не е поставување граници. Граници колку смее да се изеде, да се испие, колку треба да се смееш, колку гласно зборуваш...