Немав намера да го отворам досието „бивши”, но како животот да сакаше да ми се случуваат работи што не ги посакувам. Застанав пред огледалото,во тесен сив фустан со гол грб од светкав материјал. Големи округли обетки, малку извиткана коса, префрлена на едната страна и црвен кармин.