Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции

Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгледате елегантно и модерно.

boi-na-obleka-koi-najmnogu-odgovaraat-na-brineti-5-pobednicki-opcii-01.jpg

Ако сте бринета и сакате да изгледате елегантно и модерно ова лето, обрнете внимание на боите на облеката која ја носите.

Бринетите можат да изгледаат неодоливо и фатално исто како и русокосите и црнките. 

Сè што е потребно е да научите неколку трикови за да ја истакнете вашата природна боја на коса. 

Со вистинската гардероба, кафеавата коса ќе ја истакне вашата природна убавина и ќе направи да изгледате негувано и луксузно.

Бои на облека кои одговараат на бринетите: 

Пастелни нијанси

Слоновата коска, праската, кремавата, нежно жолтата, но и лимон жолтата се најдобриот избор за вас. 

Овие бои изгледаат природно со светла кожа, која е поприсутна кај луѓето со светло кафеава коса. 

boi-na-obleka-koi-najmnogu-odgovaraat-na-brineti-5-pobednicki-opcii-02.jpg

Боите на зрнестите овошја

Овде спаѓаат тонови на бордо, боите на сливите и брусницата, нијанси на малина и зрела цреша. 

Станува збор за загасити нијанси, не многу впечатливи како црвената боја, која мора внимателно да се одбере ако сте бринета. 

boi-na-obleka-koi-najmnogu-odgovaraat-na-brineti-5-pobednicki-opcii-03.jpg

Тиркизна

Тиркизната боја изгледа импресивно на бринетите.

Ако сте подготвени да блеснете, тогаш облечете кошула или фустан во оваа боја. 

Доколку не сте подготвени за модни експерименти, комплетирајте го изгледот со некој додаток или накит: бисери, свилена марама, обетки или чанта.

boi-na-obleka-koi-najmnogu-odgovaraat-na-brineti-5-pobednicki-opcii-04.jpg

Виолетова

Оваа боја има градација од мека и нежна нијанса до атрактивна и нагласена боја - двете опции се совршени за бринетите. 

Виолетовата боја изгледа одлично на свилена блуза, сатенски фустан, марама која може да се врзе околу главата и вратот, ремен или чанта.

boi-na-obleka-koi-najmnogu-odgovaraat-na-brineti-5-pobednicki-opcii-05.jpg

Бела и кремасти нијанси

Белата боја изгледа многу добро на бринетите бидејќи нивната темна коса доаѓа до израз, а нивната кожа изгледа посветла и посвежа.

boi-na-obleka-koi-najmnogu-odgovaraat-na-brineti-5-pobednicki-opcii-06.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Pinterest

Би можело да ве интересира:

6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Шест бои што ќе бидат хит за зимските комбинации (и една што излегува од мода) Сите нијанси на кафена, но и зелена како лимета – шест бои што ќе ги гледаме нас...
5 бои кои ќе доминираат во 2026-та (и 5 кои ќе ги гледаме поретко на модната сцена) Топлите кафеави нијанси ја заменуваат студената сива, додека пастелната розова е...
Што облекоа гостите на забавата на „Убавина и здравје“ во Скопје? (фото) Викторија Лоба, Чарна Невзати, Марис Џолин, Октај Сејди, Светлана Црнокрак се са...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg