10 третмани како да ја зајакнете оштетената коса

Третманите за нега на косата не мора да ве чинат многу за да бидат ефикасни ниту пак морате да купувате нови производи за кои до тогаш не сте слушнале, само затоа што некоја пријателка ви кажала дека и се допаднала рекламата.

10-tretmani-kako-da-ja-zajaknete-ostetenata-kosa-01

За да се ослободите од сувата и оштетена коса без многу мака и пари, испробајте некој од следниве домашни третмани за нега.

1. Мајонез, маслиново масло и јајце

Веројатно до сега сте слушнале што прави овој извонреден третман. Сите состојки кои ви се потребно веќе ги имате во кујната, па затоа искомбинирајте половина шолја маслиново масло, лажица мајонез и три жолчки. Нанесете ја смесата на косата, оставете ја да потстои од 10 до 20 минути и добро измијте ја косата, но без шампон. Оваа маска делува како регенератор кој не се измива со сапуница.

2. Банана и авокадо

Бананите кои се презреани искористете ги за да ја нахраните вашата коса, заедно со едно авокадо и лажичка маслиново масло. Нанесете ја смесата на мокра коса и оставете ја околу 20 минути. Потоа измијте исклучиво со ладна вода.

3. Третман од мед

Нанесете половина шолја мед на мокра коса. Можете да додадете и неколку лажички маслиново масло, за полесно измивање на маската, а косата ќе ви биде уште помека. Колку и да ја оставите да делува оваа маска, ќе го има истиот ефект.

4. Јаболков оцет

Мирисот на оцетот е прејак, но е корисен за многу нешта. Затоа, направете комбинација на половина шолја јаболков оцет и половина шолја вода. Течноста пресипете ја во мало шишенце со распрскувач и користете ја секогаш кога ќе почувствувате чешање на темето на главата.

5. Авокадо, банана и јогурт

Промешајте половина банана, лажица јогурт и четвртина авокадо. Смесата нанесете ја на целата коса, а по 20 минути добро измијте ја. Бананите и помагаат на косата да омекне, а авокадото има многу витамини кои ја негуваат косата на секој можен начин.

10-tretmani-kako-da-ja-zajaknete-ostetenata-kosa-1

6. Третман со пиво

Пивото е одлично кога станува збор за нега на косата бидејќи и го враќа природниот сјај како ниту еден друг производ. По стандардното миење на косата, исипете една чаша пиво низ косата, измасирајте а потоа исплакнете.

7. Авокадо, маслиново масло и прашок за печиво

Измешајте едно авокадо со една лажица маслиново масло и едно кесиче прашок за печиво. Нанесете ја маската на косата и оставете ја да делува 15тина минути. Измијте ја косата како и обично.

8. Кокосово масло

Земете 3 лажици кокосово масло и загревајте додека не се претвори во врела течност. Проверете ја топлината пред да го нанесете. Убаво нанесете го маслото на целата коса и ставете заштитна капа за маслото да се впие. Потребно е да го оставите да делува околу половина час, пред да ја измиете темелно косата.

10-tretmani-kako-da-ja-zajaknete-ostetenata-kosa-2

9. Краставица, јајце и маслиново масло

Измешајте едно јајце со лажица маслиново масло и четвртина рендана краставица. Убаво втријте ја смесата и оставете ја да делува 10тина минути, а потоа измијте ја косата со топла вода. За само неколку минути ќе добиете свиленкасто мека коса.

10. Третман од само една состојка

Ако немате време за да правите смеси и третмани за коса, одберете една состојка која ви се чини најбрза за нанесување. Без оглед дали тоа е само маслиново масло или пак испасирана банана, ќе забележите одлични резултати. Искористете го секое овошје и зеленчук, богат со витамини, за успешен третман на вашата коса.

Би можело да ве интересира:

6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...
Хит есенски тренд: Облека со боја на банана – како да ја комбинирате? (фото) Бојата на банана одлично се вклопува со останатите есенски бои, а бидејќи е посу...
5 типа ролки кои треба да ги избегнуваат жените по 40-тата година Ролки во здодевни бои и полуролки едноставно не им прилегаат на дамите над 40 го...
Високи чизми, волнени капчиња - Како соодветно да се грижите за зимската облека и обувки? Препорачливо е кожените ракавици да ги перете на рака - на сунѓер капнете неколк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg