Која е втората намена на козметичките препарати?

Дали знаевте дека некои од омилените козметички производи можете да ги искористите на повеќе начини? Дознајте која е втората намена на регенераторот за коса, парфемот, балсамот за усни...

koja-e-vtorata-namena-na-kozmetickite-preparati-01

Балсамот за усни освен тоа што ги хидрира усните и ги прави меки, делотворен е кај смирување на црвенилата на кожата, но и за отстранување на кутикулите. Сувите делови од кожата, како на пример лактите, здраво може да ги нахраните со балсам од камилица или млеко и мед.

Парфемот може да го искористите и како освежувач на коса. Бидејќи не е препорачливо да го нанесувате директно на коса разредете го во едно шишенце со дестилирана вода. Одлично решение по напорниот ден во канцеларија или излегувањето во зачадена просторија.

Турпијата за нокти со средна грубост може да ја користите наместо турпија за отстранување на мртви клетки. Кожата мора да биде потполно сува пред употребата, а движењата многу нежни.

koja-e-vtorata-namena-na-kozmetickite-preparati-02

Регенераторот за коса искористете го наместо пена за бричење. Нема да имате чуден мирис, ниту пак гребаници и раздразнета кожа.

Омилениот кармин за усни секогаш можете да го искористите како руменило за добивање на природен сјај на кожата. Со кружни движења нанесете на образите и јаболкниците, наместо да се мачите рамномерно да го распоредите руменилото во прав.

Би можело да ве интересира:

Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2025 Што облекоа посетителите на Макфест 2025, а што облекоа водителите и учесниците?...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
5 бои кои ќе доминираат во 2026-та (и 5 кои ќе ги гледаме поретко на модната сцена) Топлите кафеави нијанси ја заменуваат студената сива, додека пастелната розова е...
Ревиите на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025 На 11 октомври, модата продолжи да дише. Вториот ден започна со емоција ома...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg