Прекрасни венчаници за бремени невести

Бременоста не е никаков изговор кога станува збор за гламурозен, модерен и ексклузивен изглед на една невеста.

prekrasni-vencanici-za-bremeni-nevesti-01

За среќа, денеска има многу опции на венчаници и можете да го избере токму оној модел во кој се чувствувате од една страна модерно, а пак од друга страна комфорно.

Доколку сте бремена, во ниеден случај не треба да се откажете од венчаницата што сте ја посакувале туку треба само да ја приспособите во однос на вашиот стомак.

Ако вашата свадба е во текот на летото не се двоумете за кратка венчаница бидејќи во истата ќе изгледате слатко и неодоливо, а воедно ќе се чувствувате убаво во текот на целиот ден.

Идните невести можат да изберат помеѓу сокривање на стомакот или негово покажување, во зависност од тоа како сакаат, па еве и неколку совети пред да ја одберете венчаницата:

1. Венчаниците со длабоко деколте се одлични, па зошто да не ги истакнете вашите гради кога се во најубавата фаза.

2. Појасите се најдобриот начин за да го истакнете вашиот стомак. Изберете некоја впечатлива боја или пак интересен појас со разни аксесоари, во зависност од стилот и моделот на вашиот фустан.

3. Венчаниците за трудници најдобро е да го имаат оној природен ефект, па затоа избегнувајте корсети.

4. Повеќето бремени жени имаат потреба од градник, а не на секоја венчаница може да се носи посакуваниот градник. Затоа најдобро е градникот да го сошиете во венчаницата.

5. Кога станува збор за чевлите изберете удобност, а не модерно. Зошто да се изложувате на болки или преголем замор носејќи неудобни потпетици. Ниски и рамни чевли ќе стојат одлично, само најдете ги совршените.

Ова се 10 предлог венчаници за идните мајки:

Би можело да ве интересира:

Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026 Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Ангела од Охрид е трудница со впечатлив летен моден стил: „Сакам да го истакнам стомакот, горда сум ... „Секој има личен избор да одлучи што да прави со своето тело. Мразам да слушам д...
Кога свекор ти е моден император: Раскошната свадба на синот на Ели Сааб – невестата смени 3 венчани... Кога неприкосновениот император на високата мода е свекор на невестата, не доаѓа...

Најчитани неделава