4 грешки кои ве прават постари од она што навистина сте

Кога станува збор за разубавување секогаш правиме сè што е во наша моќ да изгледаме свежо и младолико, но што со гардеробата која ја одбираме?

4-greshki-koi-ve-pravat-postari-od-ona-shto-navistina-ste-001.jpg

Често жените сакајќи да ги сокријат недостатоците посегнуваат по гардероба која за сметка на недостатоците ги покачува годините. Затоа ви посочуваме неколку грешки кои жените често ги прават, без да сфатат дека така изгледаат многу постаро од она што се.

Премногу црно

Црното покрај тоа што ги сокрива недостатоците, ја истакнува бледата кожа која неминовно си доаѓа со годините.

Решение:

Црните парчиња облека комбинирајте ги со бел аксесоар, како марама или накит за да кожата не ви изгледа бледа.

4-greshki-koi-ve-pravat-postari-od-ona-shto-navistina-ste-1.jpg


Погрешен градник

Носењето на градник кој е испакнат на непотребни места не создава убав изглед. Градник со погрешна големина ќе направи вашите гради да ви изгледаат премногу опуштено.

Решение:

Набавувајте нови градници. Градникот треба да е закопчан на првите копчиња, кога ќе се појави потреба за закопчување на последните тоа е знак дека ви е потребен нов градник.

4-greshki-koi-ve-pravat-postari-od-ona-shto-navistina-ste-2.jpg


Ролки

Блузите и џемперите со ролки се одлични за во зима, но не претерувајте со нив. Со често носење на ролка оставате впечаток дека сакате нешто да сокриете

Решение:

Обидете се со блузи со благо деколте и додадете некое интересно ланче или марама со која ќе го одвлечете вниманието од недостатоците на вратот.

4-greshki-koi-ve-pravat-postari-od-ona-shto-navistina-ste-3.jpg


Премногу широкa облека

Знаеме дека е премногу удобна, но трудете се да не ја носите пречесто. Облеката која ви се по мерка не значи дека ви е тесна, туку дека ќе ви ги истакне вашите атрибути.

Решение:

Одбирајте палто по мерка со пократок раб и блузи кои можете да ги прицврстувате со ремен.

4-greshki-koi-ve-pravat-postari-od-ona-shto-navistina-ste-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Омилените модни парчиња на Скандинавките за студените месеци Бомбер јакните се идеални за есен, додека дебелото сако со широк крој може да ви...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
7 водечки модни трендови за лето 2026 Марама која може да се носи на безброј начини, брошовите кои се тренд од минатот...

Најчитани неделава