За ZARA обожаватели: Инстаграм профили кои ќе ги обожавате

А, сигурни сме дека меѓу вас има многу такви - страствени и непоправливи зависнички од облека и повеќечасовен шопинг.

instagram-profili-koi-kje-gi-obozhuvate-ako-kupuvate-od-zara-1_copy_copy.jpg

Не е тајна дека жените ширум светот се опседнати со шпанскиот бренд Zara.

Многубројни се дамите, кои барем еднаш, своите последни пари ги потрошиле токму во продавницата на Zara, откажувајќи се од испивањето кафе, па дури и ручекот, само за ги зграбат фустанот или чевлите што им „фатиле“ око, пред некоја друга соперничка да им ги „украде“.

Ако се препознавте во описот, веројатно ви е позната зависноста, но и разочараноста кога омиленото парче ќе ви се распродаде пред нос, но и одлучноста таквата грешка никогаш повеќе да не ви се повтори.

Сепак, вашата опсесија не е ништо наспроти таа на личностите кои стојат зад мноштвото Инстаграм профили на Zara, а кои се направени само за да ја слават облеката на популарниот бренд за висока улична мода.

Во продолжение, ви ги издвојуваме четирите најдобри, на кои секојдневно може да пронајдете изобилство од стилски инспирации, како и први да видите што ново пристигнало на полиците во Zara.

Најмногу следбеници има @zara_daily, а ќе би стане јасно и зошто, после само еден преглед на овој Инстаграм профил.

Обожавателките на шпанскиот бренд, кои знаат каква  „зависност“ тој може да предизвика кај жените, лесно ќе се поистоветат со профилот @zaraaddiction.

Профилот @thedevilwearszara, пак, иако е стар само неколку месеци, веќе има  илјадници следбеници, што не е без причина.

А, за бескрајна стилска инспирација со парчињата од Zara, задолжително заследете го и Инстаграм профилот @zaramania.

Шопингхоличарки, вие сте на потег!

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Осум работи на кои мора да обрнете внимание кога купувате облека онлајн За парчиња со принт, обрнете внимание на шевовите, а секогаш е подобро да купува...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...
Мајка и ќерка од Македонија се облекуваат во тон: „Тешко е да се најдат исти парчиња за да сме целос... „Тиара (3) обожава да танцува, а во последно време „кујнските авантури“ ѝ се гол...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...

Најчитани неделава