Спас од жешко: Опавче на 25 начини

Ферги, Кејт Бекинсејл, Сиена Милер се само дел од познатите дами што ја обожаваат оваа фризура.

opavche-sovrshena-frizura-za-sekoja-prigoda-25-idei-za-ova-leto-01

Без разлика дали одите во теретана или на некоја коктел забава, опавчето е фризурата со која на лесен и едноставен начин можете да блеснете.

Познатите дами ја знаат моќта на оваа фризура и со најразлични варијации често им е главен адут во изгледот. Надополнето со интересен додаток за коса, плетенка или локни, изборот е неограничен.

Со прибирањето на косата цврсто назад во високо опавче, Џејми Чанг креираше атлетски, но сепак софистициран изглед.

Џестика Честејн направи патец на страна и ниско лежерно опавче совршено за кежуал изглед.

Ферги носеше високо опавче обвиено со прамени коса на Греми наградите, но овој изглед е одличен и за спортски активности.

Сиена Милер се одлучи за урбан шик изглед со шишки и лелеаво опавче.

Тејлор Свифт дневниот изглед го зачини со опавче и лента за коса со летен дезен.

Еве 25 идеи од познатите дами:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Серена Вилијамс видно ослабена, ќерката на Кејт Мос убавица – Познатите дами на Gucci настан во Мила... Гвинет Палтроу се појави во шарите на Gucci од глава до пети, Серена Вилијамс го...
Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026 Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...

Најчитани неделава