Секоја жена треба да има барем 1 елегантен костим: Стилските тајни на Меланија Трамп

Откако стана првата дама на САД, светот го следи секој чекор на Меланија Трамп. Нејзините модни комбинации и изборот на шминка и фризура се анализираат до најситни детали.

stilskite-tajni-na-melanija-tramp-za-fantastichen-izgled-01.jpg

Многу дизајнери не сакаа да работат со неа кога нејзиниот сопруг беше избран за претедател, но и најголемите критичари во светот на модата признаа дека Меланија успешно се снаоѓа во улогата на прва дама со стил.

Откриваме дел од нејзините стилски тајни за беспрекорен изглед:

Елегантни костими

Со новата улога во нејзиниот живот, првата дама на САД ги врати женските костими во мода.

Таа покажа дека во нив секоја жена може да изгледа женствено и елегантно.

stilskite-tajni-na-melanija-tramp-za-fantastichen-izgled-04.jpg

Класични црно-бели комбинации

Меланија многу добро ја знае моќта на класичните црно-бели парчиња.

Со нив никогаш нема да направите грешка и секогаш ќе изгледате дотерано и софистицирано.

stilskite-tajni-na-melanija-tramp-za-fantastichen-izgled-02.jpg

Впечатливи модни додатоци

Од модните додатоци, Меланија Трамп обожава да носи ремен. Кога сака да го зачини изгледот, ременот е одлично решение што дава стилски печат на секоја комбинација.

Што се однесува до останатите модни додатоци, оваа модерна дама скоро секогаш одбира дискретен накит.

stilskite-tajni-na-melanija-tramp-za-fantastichen-izgled-03.jpg

Палто како фустан

Првата дама на САД стана препознатлива по палтата кои изгледаа како фустан. Овие модели не може баш секој да ги носи и мораме да признаеме дека на Меланија одлично ѝ прилегаат.

Боите се различни: црвена, беж, црна, а задолжително ги комбинира со високи потпетици.

stilskite-tajni-na-melanija-tramp-za-fantastichen-izgled-05.jpg

Впечатливи бои

Иако често одбира неутрални тонови и црно-бели комбинации, Меланија знае да се појави и со впечатливи бои на фустан или панталони.

Не се држи строго до модните правила кои важат за службените посети, туку има за цел да остави свој печат со облеката што ја носи.

stilskite-tajni-na-melanija-tramp-za-fantastichen-izgled-06.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
Седум парчиња што изгледаат одлично со тесни фармерки Широко сако, бејзбол капче, но и високи чизми – омилениот модел на милениумците ...

Најчитани неделава