На модната недела во Њујорк имаше најголем број на манекенки со облини досега

По долги години „борба“ за поголема застапеност на модели со облини од страна на многу модни агенции и дизајнери, Модната недела во Њујорк оваа година испиша историја.

na-modnata-nedela-vo-njujork-imashe-najgolem-broj-na-manekenki-so-oblini-dosega-01.jpg

Бројот на „plus size“ манекенки кои продефилираа на ревиите беше најголем досега и со тоа оваа култна манифестација докажа дека облините се конечно во тренд на големите модни случувања.

На ревиите и на презентациите досега се појавија манекенки со облини 208 пати, што е најмногу во историјата на модните неделни со светски рамки.

Освен моделите, застапени беа и брендови кои продаваат „plus size“ облека (Dia & Co., Torrid и Addition Elle).

Се надеваме дека трендот на модните ревии да се појавуваат девојки кои не се преслаби ќе продолжи и во иднина.

Погледнете дел од „plus size“ армијата на манекенки на Модната недела во Њујорк, предводена од Ешли Греам:

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Серена Вилијамс видно ослабена, ќерката на Кејт Мос убавица – Познатите дами на Gucci настан во Мила... Гвинет Палтроу се појави во шарите на Gucci од глава до пети, Серена Вилијамс го...
Нашиот Андреј Пајмакоски издоминира во модното списание High Voltage Еден од нашите најдобри машки модели кои работат интернационално, се најде во но...
Марго Роби го износи најсмелиот фустан на црвениот тепих - илузија на голо тело со видлива танга и К... На премиерата во Лондон, Марго дојде со својот филмски партнер, Колин Фарел - до...
5 бои кои ќе доминираат во 2026-та (и 5 кои ќе ги гледаме поретко на модната сцена) Топлите кафеави нијанси ја заменуваат студената сива, додека пастелната розова е...
Браво! Македонка што живее во Шведска стигна и на писта на Mодната недела во Стокхолм - Марис сподел... „Бев единствената Македонка што шеташе на Модната недела во Стокхолм 2026“, вели...

Најчитани неделава