Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Магичниот стар град во Улцињ, со калдрма и поглед кон Јадранот, е совршена пролетна дестинација (фото)

Ако ви треба пролетна дестинација за прошетка по пристапни цени, тогаш градот Улцињ во Црна Гора со неговиот стар дел е совршеното место за тоа. Сте го посетиле ли досега?

magichniot-star-grad-vo-ulcinj-so-kaldrma-i-pogled-kon-jadranot-e-sovrshena-proletna-destinacija-foto-01.jpg

Стариот град во Улцињ е историски дел од градот Улцињ и e магично место на Јадранското Море со улици со калдрма и историја што се протега повеќе од 2.500 години.

Сместен е на карпест полуостров и опкружен со масивни ѕидини.

Градот е основан во 5 век п.н.е. од Илирите, а подоцна бил под влијание на грчките колонисти.

Потоа бил освоен од Римјаните, па бил и под власта на Византиската империја.

Во текот на средниот век, Улцињ бил под власта на различни сили, вклучувајќи ги Српското кралство, Венецијанската република и Отоманската империја.

Секој од овие периоди оставил свој печат врз архитектурата и културата на градот.

На највисоката точка на Стариот град е сместена кулата на династијата Балшиќ, која служи како галерија и место за културни настани.

Таму е и „Плоштадот на робовите“, кој бил центар за трговија со робови во 17 век, кога Улцињ бил познат по своите пирати.

Се верува дека шпанскиот писател Мигел де Сервантес бил заробеник во Улцињ и дека токму тука го напишал својата познат роман „Дон Кихот“.

Од тесни улички и камени куќи до прекрасни панорамски глетки кон Јадранското Море, стариот град на Улцињ е вистинска магија.

Стариот град во Улцињ преку објективот на инстаграмџиите:

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 причини зошто би сакала да се родев во Италија За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од ф'стак на Сицил...
Магично селце на Алпите е сцена од бајките (фото) На граница помеѓу Италија, Австрија и Словенија, со измешани култури и спектакул...
Есенската идила на Маврово и Бистра, со овци и златести полјани (фото) Распослани златести полјани, спокој и стадо овци... Есенски сцени кои ќе ве инсп...
„Бев во Босна, со автобус од Скопје патував една ноќ - Сараево ме трогна, а Мостар ме восхити“ „Од Скопје тргнав со автобус во 22 часот ноќта, а веќе наредното утро бевме таму...
Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg