Летни хит дестинации: Најмалите држави во светот

Иако нашата земја се смета за многу мала, сепак во светот постојат многу помали држави кои се веројатно нешто поголеми од една наша населба.

najmalite-drzavi-vo-svetot-kako-hit-destinacii-01

Но, тие се истовремено и едни од најатрактивните, а се наоѓаат во близина на други поголеми земји. Изобилуваат со природна убавина, раскош или историска вредност и привлекуваат да ги посетите.

Монако

Ова е вистинска држава за оние кои сакаат гламур. Монако е основано во 1297 година. Се простира на 195 хектари и се наоѓа на тесниот крајбрежен појас, а од неодамна е главно собиралиште на богатите и славните.

Грејс Кели била најпознат жител на ова кралство, а нејзиниот гроб се наоѓа во катедралата која е сместена во самото срце на оваа мала држава. Поголемиот дел од неа може да се помине пешки.

najmalite-drzavi-vo-svetot-kako-hit-destinacii-1


Сан Марино

Се наоѓа на поголема надморска висина од Италија. Ова е најстарата држава во Европа, основана на 3 септември 301. година. Претежно е католичка држава со 33.000 жители. Ако некогаш отидете во Сан Марино, ќе се чувствувате како да се наоѓате во средниот век.

najmalite-drzavi-vo-svetot-kako-hit-destinacii-2.jpg


Ватикан

Официјално најмалата држава во светот се простира на 44 хектари и има околу 800 жители. Основана е како независна држава во 1929 година. Таа е дом на едни од најпосетуваните знаменитости во светот како базиликата Св. Петар, Сикстинската капела, Ватиканската библиотека итн.

najmalite-drzavi-vo-svetot-kako-hit-destinacii-3.jpg


Малта

Малта е островска земја во Средоземното Море, јужно од Сицилија во Италија. Се простира на 316 квадратни километри со главен град Валета.

Островот преку целата година нуди голем број фестивали како фестивалот на огномети, џез фестивал, фестивал на медитеранската храна итн.

najmalite-drzavi-vo-svetot-kako-hit-destinacii4.jpeg


Лихтенштајн

Оваа држава претставува остаток од Светското Римско царство, независна држава која одржува блиски односи со Швајцарија. Лихтенштајн нуди 160 km уредени со патеки за скијање, а ако не сте љубител на зимските спортови, секогаш постои можност да отидете во периодот кога нема снег и да уживате во преубавата природа.

najmalite-drzavi-vo-svetot-kako-hit-destinacii-4.jpg


Малдиви

Малдивите се наоѓаат во Индискиот Океан. Тоа е архипелаг кој се состои од 1.192 корални острови. Оваа држава е позната во светот по фантастичните плажи и азурната боја на морето  кое ќе ви пружи вистинска тропска идила.

najmalite-drzavi-vo-svetot-kako-hit-destinacii-5.jpg


Маршалски Острови

Маршалските острови се наоѓаат во Тихиот Океан на околу половина пат помеѓу Хаваите и Австралија и можеби најпознати се по цртанот „Сунѓерот Боб“, каде постојано се прикажува едно од нивните островчиња.

najmalite-drzavi-vo-svetot-kako-hit-destinacii-6.jpg


Сент Китс и Невис

Ова е најмалата суверена држава во Америка, според површината и бројот на жители. Во центарот на Сент Китс се наоѓа спектакуларен врв на планината Лиамуига, згаснатиот вулкан кој е прекриен со густа тропска шума, а го открил Кристофер Колумбо во 1493 година.

Волшебна природна убавина, сончево небо, топла вода и бели песочни плажи го прават едно од најдобрите места на Карибите.

najmalite-drzavi-vo-svetot-kako-hit-destinacii-7.jpg

Би можело да ве интересира:

Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...
Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg