20 причини зошто да се откажете од сѐ и да заминете за Норвешка
Норвешка се наоѓа на топ листата на најсреќни земји во светот кои секој би посакал да ги посети, па дури и да живее во нив.

Оваа прекрасна земја има многу што да им понуди на туристите – од модерна и современа уметност и културно воздигнување, до неверојатна природа која ќе ви го одземе здивот.
Природата во Норвешка не се опишува со зборови, а сликите може само да ве натераат што побрзо да ја посетите и почувствувате.
Претходно имавте можност да се доближите до убавините на Шпанија, Португалија и Италија, а сега сигурно ќе ја додатете на листата за посета и Норвешка
Дознајте зошто:
1. Главниот град, Осло, нуди најсовремена аритектура и храбра современа уметност.

2. Лофотенските Острови ги привлекуваат туристите со неверојатниот поглед на норвешката природа.

3. Операта во Осло е дизајнирана за да смести многу посетители на кровот, од каде што има прекрасен поглед.

4. Во Норвешка се наоѓа Буде, градот со најгуста популација на морски орли, а вака изгледа од птичја перспектива.

5. Можете да планинарите по Trollstigen, каде природата и панорамскиот поглед ќе ви го одземат здивот.

6. На прекрасните глетки им нема крај – можете да се искачите на Preikestolen, познатата камен-карпа на висина од речиси 600 метри.

7. Посетете ја Арктичката црква која датира од 1965-та година.

8. Пристаништето во Берген е најпопуларното место кое се посетува на крстарењата низ Северно Леден Океан.

9. Поларната светлина (aurora borealis) во Норвешка е спектакуларен природен феномен кој не смее да се пропушти.

10. Истражете ја историјата на Ставангер, градот од 12-ти век.

