Караќој - спој на улична уметност, барови и забава

На европската страна од градот Истанбул, во населбата Бејоглу, каде на времето се наоѓале голем број на осигурителни компании и банки, се наоѓа еден интересен кварт, познат под името Караќој.

karakjoj-spon-na-ulicna-umetnost-barovi-i-zabava-001.jpg

Како една од најстарите и најпознатите историски населби  во градот, каде се спојуваат еврејските, католичките, православните и ерменските храмови, во непосредна близина на мостот Галата, денес Караќој е мета на посетителите ширум светот, кои сакаат да искусат една поинаква перспектива од Истанбул.

karakjoj spon na ulicna umetnost barovi i zabava 4

Од моите локални пријатели дознав дека со отворање на Истанбулскиот музеј на уметноста во 2004 година, како да му се вдахнал нов живот на местото и рапидно почнал да се трансформира, издигнувајќи се во културен и уметнички дел од градот.

karakjoj spon na ulicna umetnost barovi i zabava 3

Она што најмногу ги привлекува луѓето се тесните улички, кафулињата и рестораните, галериите, традиционалните продавнички и секако уличната уметност што продира од секој агол.

Мене ова најмногу и ми остави впечаток, а верувајте не би сакале да ги пропуштите графитите кои се наоѓаат во Караќој. Турските уметници добро си ја имаат завршено работата, а некои од делата се навистина јако сработени.

За тие неколку часа колку што ми дозволуваше времето забележав дека ликот на Фрида Кало е навистина популарна секвенца од квартот.

karakjoj spon na ulicna umetnost barovi i zabava 9

Додека шетав наоколу, занимавајќи се со мојот фотоапарат, забележав дека освен туристи, имаше и голем број на млади луѓе од Истанбул, кои буквално, размуабетени уживаа во секоја голтка кафе или читаа книги и работеа на своите лаптопови.

karakjoj spon na ulicna umetnost barovi i zabava 2

Освен на Таксим, и тука има ноќен живот. Почнувајќи од четврток па сé до недела, тогаш сите локали речиси и да преполни со луѓе, каде се пуши наргиле и се разврзуваат интересни конверзации.

Локалите Mitte, именуван според берлински дистрикт, каде газдата поминал дел од неговиот живот и Goya, како и Colonie се атрактивни места каде младите најмногу знаат да се собираат.

karakjoj spon na ulicna umetnost barovi i zabava 5

Кога ќе одите во Истанбул, ако не знаете каде да поминете неколку часа од вашата дневна агенда, тогаш посетете го Караќој и максимално истражете го.

karakjoj spon na ulicna umetnost barovi i zabava 1

karakjoj spon na ulicna umetnost barovi i zabava 1

karakjoj spon na ulicna umetnost barovi i zabava 6

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg