Селото на Дедо Мраз во кое пристигнуваат илјадници писма секоја година (фото)

Празнична атмосфера има 365 дена во годината, а може да си направите и селфи со помошникот на Дедо Мраз.

seloto-na-dedo-mraz-vo-koe-pristignuvaat-iljadnici-pisma-sekoja-godina-foto-01.jpg

Малото шармантно норвешко гратче Drøbak, со околу 13.000 жители, се наоѓа во фјорд на половина час од Осло. Таму духот на Дедо Мраз се чувствува насекаде во текот на цела година и затоа ова место се нарекува „селото на Дедо Мраз“.

Во него во 1988 година отворена е т.н. Божиќна куќа, во градба направена во 1877 година, и во неа и среде лето изгледа како да е Нова година и Божиќ.

Преполна е со играчки, свеќи, чаршафи за маси, салфетки и разни работи во овој дух.

Drøbak е единственото место во Норвешка каде владата дозволила да бидат поставени знаци кои предупредуваат дека може да го видите Дедо Мраз.

Инаку еден дедо со бела брада, кој се смета за помошник на Дедо Мраз, доаѓа во божиќната куќа во ноември и декември, ги чита писмата на децата до целиот свет, а ако го посетувате ова гратче во овој период од годината може ќе имате среќа да си направите селфи со него.

На оваа адреса пристигнуваат писма со желби од целиот свет.

Како изгледа Drøbak:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Не е Тоскана, скопско Ајватовци е (фото) И ние го имаме Ајватовци и совршен поглед, како во Тоскана, до каде очите ни доп...

Најчитани неделава