Будванските села – бисери на јадранскит брег

Будва отсекогаш била позната како атрактивна туристичка дестинација, која посебно во текот на летните месеци претставува место на преубави случувања, ноќна и дневна забава, најатрактивни понуди за сместување, прекрасни плажи, гастро уживања, концерти и спектакли.

budvanskite-sela-biseri-na-jadranskit-breg-01.jpg

Она што е помалку познато е дека Будва нуди многу повеќе, односно дека таа е ризница на културата на ова поднебје и дека будванскиот брег претставува вистинско неоткриено богатство.

Во година која беше одбележана од пандемијата од Ковид-19, повеќе од било кога досега доаѓа до израз значењето на престојот во природа, поврзувањето со неа и истражувањето на селските подрачја, културата и историјата на овие краишта.

Будванските села претставуваат автентична туристичка понуда, пред се’ поради својата специфична архитектура, природното опкружување и непосредната близина до значајните културно-историски, претежно верски објекти. Тешко е да се пронајде помала област со поголем број на културни споменици, најголем дел од нив манастири и цркви, кои датираат дури до 9 век, иако трагите од живот на будванската ривиера датираат уште од времето на старите Грци, Енхелејци, Илири и Римјани. Еден дел од нив може да се обиколи со единствената пешачка тура низ Паштровица, а периодот надвор од главната туристичка сезона е идеален за таква прошетка. Од манастирот Војниќи, изграден во 15 век, пешки се стигнува до селото Кулјаче каде се наоѓа и манастирот Дулјево, кој е подигнат во времето на цар Душан на многу живописна висорамнина. Нешто понатаму се наоѓа и единствениот манастир Рустово, кој е подигнат на рамништето зад Свети Стефан, од каде што се пружа поглед кон бескрајната сина морска прекривка. Прошетката понатаму води до селото Челобрдо и потоа до познатиот Јегоров пат се’ до векови стариот манастир Прасквица. Во овие места ќе наидете на топла атмосфера, прекрасни домаќини и ќе го најдете мирот кој ви е толку потребен.

budvanskite-sela-biseri-na-jadranskit-breg-02.jpg

Во близина на плажата Бечичи, на надморска височина од близу 200 метри, се наоѓа маинското село Ивановиќи. Во неговата автентична околина, заштитена со камени куќи со автохтона архитектура, пред повеќе од 2.000 години пушти корен старата „Велја“ маслинка. Според преданијата, стеблото потекнува уште од добата на Илирите, односно Енхелејците, кои биле жители на овие простори уште во стариот век. Научниците велат дека ова е можеби едно од најстарите стебла на маслинка на светот. Од тие причини, ова стебло е заштитено со закон уште од 1994 година. Стеблото на „Велја“ маслинката е импозантно – високо е цели 11 метри, а пречникот на стаблото над самата земја изнесува дури 4 метри. Таа припаѓа на сортата „жолтица“ и дава плод кога годината е „родна“. Мештаните се сеќаваат – вели нејзиниот сопственик Слободан Мирко Ивановиќ – дека понекогаш таа давала и по еден млин маслинки, од 16 до 18 „лати“, што значи околу 200 килограми плод и 40 литри од најквалитетното масло.

budvanskite-sela-biseri-na-jadranskit-breg-03.jpg

Здравиот природен амбиент, традиционалната кујна, свежото домашно овошје и зелечнук, изворската вода, можноста да се ужива во прошетките низ ридските и планинските краеви на брегот и запознавањето со историјата и културата на овој крај, близината до најубавите плажи на будванската ривиера – се само некои од причините поради кои будванските села наречени „бисери на јадранскиот брег“ мора да се посетат!

Би можело да ве интересира:

На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...
Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg