Зошто децата треба често да се дружат со своите тетки?

Тетката може да му покаже на детето сосема поинаков поглед на животот, различен од оној што го даваат родителите. Таа ја кажува вистината онаква каква што е, без филтри на воспитување. Таа подава рака за помош, без да морализира.

zoshto-decata-treba-chesto-da-se-druzhat-so-svoite-tetki-01.jpg

Врската помеѓу родителите и децата е најсилна на светот, но тетките можеби се најважните личности во животот на децата после родителите.

Да се биде тетка е најубавата улога на светот.

Која е улогата на тетката?

- Тетката може да му покаже на детето сосема поинаков поглед на животот, различен од оној што го даваат родителите. Таа ја кажува вистината онаква каква што е, без филтри на воспитување. Таа подава рака за помош, без да морализира.

- Тетката секогаш доаѓа за важните празници, носи убави подароци и слатки. За своите внуци може да дојде од друг град или држава и да приреди вистинска гозба.

- Таа е секогаш расположена и обично гласно ги слави сите успеси на своите внуци, но и не ги критикува за нивните неуспеси. Со неа секогаш е забавно.

- Од неа се добиваат илјада бакнежи и прегратки. Бидејќи не ги гледа своите внуци секој ден, во меѓувреме за нив собира море нежност.

zoshto-decata-treba-chesto-da-se-druzhat-so-svoite-tetki-02.jpg

- Кога децата се плашат да им раскажат на родителите за своите проблеми, можат да ги споделат со тетката. Таа е секогаш подготвена да ги сослуша и да помогне, а она што ќе го чуе ќе остане тајна.

- Тетките со своите внуци ги споделуваат најважните животни мудрости, кои добрите родители не би требало да ги кажуваат.

- Тетката со задоволство ќе ги чува внуците кога се мали и кога родителите немаат кому да ги остават.

- Тетката ретко кара и вика. Таа секогаш е добро расположена за своите внуци.

- Кога ќе се роди нова внука или внук, тетката се чувствува уште поспецијално. Колку повеќе внуци, толку е посреќна.

Извор

Би можело да ве интересира:

Најважните вештини кои детето ги учи во градинка (и се поважни од чување дома) Градинката не е само игра. Тоа е место каде детето првпат учи како да биде дел о...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот... „Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Порака од новороденчето до неговата мајка: „Мама, мириса на млеко и на љубов - тоа е најдобриот мири... „Не можете да ја најдете мама. Ја повикувате и ве обзема страв. Што ако не дојде...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg