Значењето на зборот засекогаш

Посакувам да можев да ги одржам сите ветувања, искрено посакував да бидам насекаде и да помогнам секому, така сакав да живеам со таа алтруозност и желба да бидам сечиј лек за црни денови.

znacenjeto-na-zborot-zasekogas-001.jpg

Посакував сите да се обидат да ја пронајдат таа непрестајна желба во себе, но светот беше поинаков, светот беше различен или можеби јас бев различен, којзнае.  

Влегов во дневната соба, бев расеан во некоја сопствена меланхолија, нереален свет на моите лутачки мисли. Мислев од каде да почнам побрзо имав еден куп обврски кои само се зголемуваа пропорционално со течењето на времето.

На масата стоеше мојата ќерка и се обидуваше да ја напише домашната задача по математика. Знам дека ми проговори нешто но јас воопшто не и обрнав внимание. Додека се обидував да наполнам чаша вода видов тетратка која прелета од масата до кујната.

„Добар ден!“ - ми се обрати со лут тон.

„Не знаев дека тетратките по математика летаат, што е она што те нервира?“ - строго ѝ возвратив.

„Ме нервираш ти, зошто си постојано отсутен, јас си го сакам мојот татко назад, го сакам оној весел насмеан човек без грижи во главата. Не сакам одмор, не сакам никаква технологија, нека живеам скромно, но те сакам тебе назад. Сакам повторно да го имаме нашето засекогаш. Откако ја нема мама како да заборави на тоа, доволно ми е тешко што ја изгубив неа, не дозволувај да те изгубам и тебе“.

Се обидував да се сетам, но не можев да сфатам за што ми зборува, што е тоа што ја тераше да биде толку лута, кое беше значењето на зборот засекогаш. Не успеав ни да отворам уста, а таа започна да пее некоја детска песничка, несвојствено за девојка на седумнаесет години.

„Кога темнина ќе навлезе во твојата душа,

Кога солзите на очите ќе ти стежнат,

Така што главата ќе ја насочиш право кон земјата,

Испуштајќи сè што можеш да видиш наоколу.

Кога болката е преголема, што посакуваш да вриснеш,

Кога нема пат, кога нема излез,

Кога навечер не можеш да заспиеш губејќи ги твоите соништа,

Поради грижата за подобро утре.

Кога сакаш да се ослободиш, но си заробен во замок темен,

Кога душата ти плаче, а лицето мора да се смее,

Кога секој збор ти е премногу и нешто постојано те гуши,

Правејќи да не го почувствуваш мирисот на мојата љубов...

Сети се, сети се, на мене сети се,

Јас сум секогаш тука, суштество кое ги впива сите пцовки,

Ги прифаќа сите удари, ги има сите потребни зборови.

Пијалак која знае да те излекува, еден штит кој ќе те чува засекогаш,

Ако некогаш се запрашаш што значи засекогаш,

Во деновите кога сè ќе изгледа недостижно,

Сети се на моите зборови одново и одново,

Тоа ќе ти биде сè она што е потребно.

Тоа е нашето засекогаш...“.

Ја заврши својата песна и продолжи да ја мрмори со стиснати заби, доаѓаше кон мене, а јас не можев да ги задржам солзите. Како можев да го заборавам значењето на зборот засекогаш?

Не сакав да плачам пред неа, но плачев и се смеев истовремено од многу причини, не мислев дека таа може да биде моја потпора, не беше дораснала, не би требало по сите закони, но таа успеа.

Се впуштивме во прегратка на осаменоста која ни ги спои телата. Почувствував олеснување, не знаев за ниту еден проблем повеќе, не знаев за тага, но знаев за зборот засекогаш.

Можеби некогаш сум го кажал, можеби тоа било песна која сум ја измислил за добра ноќ, но таа ме освести, ме натера да се вратам на моите ветувања, на патот кој требаше да го изодам без да се откажам.

Иако порано сум мислел дека сум сфатил, тогаш научив што значи „засекогаш“. Без разлика колку време ќе помине, без разлика на што ќе наидеме, ние ќе бидеме тука еден за друг за да си ја испиеме тагата.

Засекогаш...

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Зошто детето да го добие презимето на таткото, а не на мајката?“ – Жена поттикна жестока дебата на ... Со објава на Твитер во која им порачува на бремените жени да им го дадат своето ...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
„Одам на работа, се грижам за децата, чистам, а сопругот не прави ништо – решив да се разведам“ „Работам со полно работно време и јас правам сè. Јас готвам, јас го чистам тоале...
Мајки од Македонија откриваат за CRNOBELO: „Кој ни ги чува бебињата по породилното - баби, дадилки и... Наташа Ивановска од Скопје, мајка на две деца, две и пол годишната Марта и синот...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
„Моето дете ќе јаде што сака – Учителката на ќерка ми забранила колачиња во градинка, јас ѝ напишав ... Дали е во ред на децата да им даваме колачиња за во училиште или во градинка и д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg