8 необични техники за цртање кои вашите деца ќе ги обожаваат

Секое дете сака да се дружи со шарените боички во сите облици - водени, темперни, мрсни, дрвени... Но, како после извесен период боењето сè уште да му биде интересно?

8-neobicni-tehniki-za-crtanje-koi-vasite-deca-ke-gi-obozavaat-1.jpg

Како родители неопходно е „да излезете од линиите“ и да му пренесете некое ново знаење и техника со која ќе го заинтересирате уште повеќе.

Поттикнете ги да експериментираат и за возврат ќе добиете ремек дела кои гордо ќе ги закачите на ѕид.

1. Цртање со точки

Нацртајте линии и облици со молив, а потоа гумичката на моливот потопете ја во темперна боја. Следете ги линиите и бојте ја внатрешноста со точки од гумата.

8-neobicni-tehniki-za-crtanje-koi-vasite-deca-ke-gi-obozavaat-2.jpg


2. Користете сунѓери

Наместо четката, потопете обичен сунѓер во водени или темперни бои, па оставете печат на листот. Може и да го исечете сунѓерот во некој специфичен облик за да си ја олесните работата.

8-neobicni-tehniki-za-crtanje-koi-vasite-deca-ke-gi-obozavaat-3.jpg


3. Разлевајте боја по листот

Дозволете му на детето да го испрска листот со бои, а потоа заедно вртете го додека боите се разлеваат. Никогаш не знаете со сигурност што ќе излезе на крај и можеби тоа е возбудливиот дел.

8-neobicni-tehniki-za-crtanje-koi-vasite-deca-ke-gi-obozavaat-4.jpg


4. Користете ги рацете и нозете

Едноставно е - потопете ги детските рачиња и стапала во боја, па потоа направете отпечатоци.  Доцртајте раце, нозе, очи и веќе имате животинче.

8-neobicni-tehniki-za-crtanje-koi-vasite-deca-ke-gi-obozavaat-5.jpg


5. Забавни отпечатоци од прст

Идентична техника како со рацете и нозете, само што овој пат со боја ги мачкате само врвовите на прстите.

8-neobicni-tehniki-za-crtanje-koi-vasite-deca-ke-gi-obozavaat-6.jpg


6. Боја - тесто

За да ја направите оваа боја, потребно ви е брашно, квасец во прашок, сол и неколку капки боја за храна. Ставете малку вода додека не добиете кремаста смеса. Потоа со шприц за шлаг или со кеса во која ќе направите дупче можете да цртате на хартија. Кога сликата ќе биде готова, ставете ја хартијата во микробранова 10-20 секунди и гледајте како се случува магија.

8-neobicni-tehniki-za-crtanje-koi-vasite-deca-ke-gi-obozavaat-7.jpg


7. Отпечатоци од овошје и зеленчук

Најлесно изводливо е со компири или јаболка. Пресечете ги на половина и направете засеци по желба. За 5 минути имате домашни печати.

8-neobicni-tehniki-za-crtanje-koi-vasite-deca-ke-gi-obozavaat-8.jpg


8. Користете различни типови на четки

На пример, стара четка за заби.

8-neobicni-tehniki-za-crtanje-koi-vasite-deca-ke-gi-obozavaat-9.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои знаци покажуваат дека треба да посетите дефектолог со вашето дете (и како да се подготвите за пр... Не постои погрешно време за посета на дефектолог. Важно е да ја препознаете потр...
„Зошто детето да го добие презимето на таткото, а не на мајката?“ – Жена поттикна жестока дебата на ... Со објава на Твитер во која им порачува на бремените жени да им го дадат своето ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...
Уцена или добар потег: Мајка од Србија е хит на Инстаграм заради пораката што им ја оставила на деца... Дали е во ред на децата да им ја смените лозинката за интернет и да им ја дадете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg