Си недостасувам вистинската јас, без деца, сопруг, семејство...

Седам вчера во кафана и уживам во чорбата. На соседната маса свирачите му свират на некој среќник на уво. Ми ја погодија песната. Солзите ми ја засолија чорбата.

si-nedostasuvam-vistinskata-jas-bez-deca-soprug-semejstvo-01.jpg

Толку ми треба, уште една песна и да ја почувствувам сета болка, за мајка ми, за татко ми, за детството. Жал ми е, на само неколку милиметри под кожа чувствувам како ми поминува тагата.

Ја чувствувам носталгијата како цел живот да сум го поминала далеку од мојот крај, како да сум зборувала туѓ јазик. Зошто сè е толку превртено?

Секогаш, ама баш секогаш, во секоја кафана, пред било кој, на истата песна. Ми се плаче. Ми се чини дека би плачела со денови само кога би смеела.

Во глава ми се вртат слики кои никогаш реално не се случиле.

Почнува песната, почнува болката, ја стискам чашата во раце додека не прсне. Почнувам да сфаќам, првпат во животот сфаќам што прават луѓето во кафана. Што бараат во неа.

Има долго време поминато како престанав да играм по дома, да пеам од петни жили, од стомак да врескам. Ми недостасува сè што ме тера да си ја барам слободата.

Си недостасувам јас, без деца, сопруг, семејство. Онаа автентичната, неприлагодлива, гласна, понекогаш чудна. Ми недостасува да мислам, чувствувам и изговарам сè што ќе ми падне на памет, без чувство на вина заради некој друг.

Ми недостасува да бидам тажна кога ми е потребно, да се смеам и глупирам без оглед на се, да грешам и да се тешам дека тоа не е толку важно, дека никој не зависи од мене.

Си недостасувам јас, каква и да сум.

Можеби наскоро ќе отидам во омилената кафана, повторно ќе ја нарачам истата песна и ќе скршам некоја чаша, а болката ќе биде смирувачка и сосема поднослива.

И можеби нема да биде важно што се изгубив на некое време за да се откријам во друго светло.

Би можело да ве интересира:

Психологот Ивана Хаџиванова: „Ризик да бидат жртви на булинг се деца кои се воспитани да бидат тивки... „Ризик да бидат жртви на булинг се деца коишто се воспитани да бидат потивки, по...
Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Пар од Србија, кој се прослави како контроверзен, направи детска кујна од палети за ќеркичката – со ... „Кога добив идеја да ѝ направиме на Доротеа кујничка, имав цел да не купиме ништ...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Српски педијатар открива – дали од сладолед може да ги заболи грло децата? „Ладниот сладолед не може да го воспали грлото на здраво дете. Тоа е потполно ја...
Душан Благојевиќ: „Во бракот биди ти оној што останува - не затоа што е лесно, туку затоа што си вет... „Бракот е светост во која двајца несовршени влегуваат со вера дека ќе растат зае...

Најчитани неделава