Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мојата најголема грешка како родител...

За да станете родител се подготвувате на разно-разни начини, но никој не ви кажува дека отсега ќе бидете „подвижна грешка“.

mojata-najgolema-greska-kako-roditel-01.jpg

Никој не ви кажува дека нема да бидете совршени, ниту идеални, никој не предупредува дека морате од главата да си ја исфрлите рекламата во која сте среќни и весели, постојано насмеани и бескрајно трпеливи родители.

Дури сега, по цели 11 години сфаќам која била мојата најголема родителска грешка.

Родителството е спој на љубовта, вниманието, гордоста до удирање во градите, нежноста, грижата и сето тоа прошарано со грижа на совест и грешки.

Но, грешките не се лоши сами по себе, тие се знак дека се менуваме и ако од нив научиме нешто, доказ, дека секој ден стануваме подобри родители.

Кога ќе размислам подобро за моите грешки, тек од скоро сфатив која беше една од моите најголеми грешки кои ги правев во минатото.

Мислам дека една од моите најголеми грешки беше што на моите деца им давав до знаење дека не мора да ме слушаат. Тоа не беше намерно, секако, но денес се чини дека е така.

Денес со право се лутам на себеси кога морам да повишам тон за да ме послушаат. Така сум ги навикнала.

Потоа се прашувам: Зошто мојот сопруг, нивниот татко, го слушаат и без нешто да каже?

Да, невозможно е да се спореди времето кое го поминуваат со нивниот татко, неговото присуство е подрагоцено, бидејќи повеќе отсуствувал од домот, но има нешто повеќе.

Од желбата да не бидам цврста докрај ги пуштав првото не да не биде последно. Така влеговме во образец кој тешко се раскинува.

Но, цврсто решив да го прекинам. За доброто на сите нас. Мојата родителска грешка сè уште не е непоправлива.

Решив – нема викање. Нема попуштање. Нема бескрајно чекање да послушаат и да направат нешто. Првиот пат ќе биде и последниот кога ќе се каже нешто.

Како?

На сила, сигурно не.

Ќе се обидам со неколку работи и се надевам дека „запали“:

1. Ќе ги слушам повеќе.

2. Кога ќе барам нешто од нив ќе им зборувам рамноправно – очи во очи, не од другата соба.

3. Ако не направат нешто што сум ги замолила, веднаш ќе реагирам.

4. Знам дека мора да има последици, но бесмислено е да ги казнувам за секоја ситница. Мислам дека одложувањето на задоволствата е подеднакво корисно.

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Фрази кои не треба да им ги кажувате на децата-тинејџери „Разочаран/а сум од тебе“ - Да се слушне ова е многу полошо отколку родителот да...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Кратко и брзо упатство: Што треба да му кажете на вашето анксиозно дете за да го смирите? „Сакаш ли да танцуваме или да трчаме за да ја исфрлиме загриженоста?“ Во животот...
18 животни лекции на кои треба да ги научите вашите деца во тинејџерските години, низ илустрации Некои совети кои ќе им ги кажеме на децата додека се мали или во периодот на пуб...
Крипторхидизам – неспуштени тестиси кај бебиња, како да го препознаете и како се третира? Доколку тестисите не се спуштат до првиот роденден на бебето, тогаш се препорачу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg