Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мерки за заштита кои треба да ги имате предвид ако чувате миленик и сте бремени

Бременоста е весел период за сите членови од семејството – вклучувајќи ги и домашните миленичиња. Иако во ниеден случај не треба да се откажете од нив во текот на блажените денови, треба да преземете некои мерки за заштита. Сепак, тоа се животни.

bremenost-i-domashni-zhivotni-nekolku-merki-na-zashtita-001.jpg

Мачките и кучињата се најчестите домашни животни, па сосема логично е да зборуваме за нив.

Најопасната инфекција која може да ја добиете од мачките е токсоплазмоза. Таа се добива од паразит кои мачките го добиваат или од друга мачка или од нивната столица така што ќе изедат живо месо. Тие ја шират инфекцијата преку нивната столица, така да исклучително важно е трудницата да не го чисти мачкиниот измет, или ако веќе мора, да користи ракавици.

Инфекцијата не мора да има последици на мајката, но може тие да се појават на детето – особено ако мајката никогаш немала таква инфекција, а првпат се зарази на почетокот од бременоста. Избегнувајте сами да чистите по својата мачка и не морате често да ја галите за време на бременоста.

Кучињата се малку побезбедни од мачките, но сепак треба и на нив да внимавате:

1. Не е пожелно вашето куче да го допира вашиот стомак.

2. Ако вашето куче има лоши навики како гризење и скокање, дресирајте го за да избегнете проблеми кога ќе дојде детето.

3. Редовно вакцинирајте го. Од особена важност е да бидете завршени со сите вакцинации пред да ви се роди бебето.

4. Ако сте особено блиски со вашето куче, замолете го партнерот или друг член од семејството да поминува повеќе време со него. Поради тоа што детето ќе ви одзема многу време и внимание, добро е за вашето куче да развие врски со други за да може полесно да се прилагоди на новите промени.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Босански психолог откри зошто се распаѓаат браковите на Балканот – наиде на критики „Мајките се подобри учители за децата, а татковците бегаат од одговорност“ – Гол...
Драгана од Србија е мajка на 4 деца: „Нè убедуваат дека е сеедно дали градиме семејство или кариера,... „Нашата моќ е огромна. Да се биде мајка е возвишено. Тоа е посебна улога која ба...
Знаци дека тинејџерите се соочуваат со некаков проблем – родителите не треба да ги игнорираат Промената на расположението кај тинејџерите не е нешто невообичаено, но, интензи...
„Ајде да ја оставиме мама да се наспие, можеби тогаш нема да биде толку намуртена“ „Ајде да ја оставиме мама денес да се наспие, можеби тогаш нема да биде толку на...
10 илустрации кои искрено ја покажуваат разликата меѓу одгледувањето на првото и второто дете Првите чекорчиња, „борбата“ со бактериите и можните опасности на кои е изложено ...
Мајка со видео од ќеркичката со Даунов синдром испраќа порака колку таа е совршена и прекрасна Една мајка со кадри од секојдневието на нејзината ќерка сака да прикаже колку мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg