Кира Најтли или Кејт Мидлтон: Која од двете жени е попримерна мајка?

„Се породивме една по друга. Мене вагината ми се распукна. Уште се сеќавам на болката. А, тaa излезе нашминкана и во високи потпетици од болницата.“

kira-najtli-ili-kejt-midlton-koja-od-dvete-zheni-e-poprimerna-majka-1.png

Кира Најтли (33) е првата позната личност што се осмели да ja „нападне“ Кејт Мидлтон (36). Oва го направи со повисока цел – да им покаже на жените како не треба да изгледаат по раѓањето дете.

Мноштво истомисленички го поздравуваат нејзиниот храбар потег, а има и такви кои сметаат дека не е сосема во право. За што точно станува збор?

kira-najtli-ili-kejt-midlton-koja-od-dvete-zheni-e-poprimerna-majka-2.jpg

Преку есејот објавен во збирката „Феминистките не носат розово“, холивудската ѕвезда го спореди своето постпородилно искуство со она на војвотката, остро критикувајќи ја дамата од британската монархија. Зошто?

На сопругата на принцот Вилијам ѝ замери што неколку часа по раѓањето на трите деца, таа нашминкана и дотерана излегува пред болницата, па со насмевка им позира на фотографите и телевизиските камери.

kira-najtli-ili-kejt-midlton-koja-od-dvete-zheni-e-poprimerna-majka-3.jpg

Кира Најтли ја родила ќерката Еди, ден пред Кејт Мидлтон да ја донесе на свет принцезата Шарлот во 2015 година. Oд прва рака знае како всушност им било и на двете. Затоа и искрено на читателите им ја откри реалноста, којашто не соодветствува на онаа од кралското семејство.

„Мојата вагина се распукна. Излезе со отворени очи. Со рацете во воздух. Вриштејќи. Се противеше, задишуваше, врескаше. Гладно ми се дофати до градите. Се сеќавам на болката. Силно со устата ми ја фати брадавицата и започна да цица. Се сеќавам на изметот, повраќаниците, крвта, шевовите. Се сеќавам на своите битки. Твоите борби и удари. Преживувањето. А, јас сум послабиот пол...“

kira-najtli-ili-kejt-midlton-koja-od-dvete-zheni-e-poprimerna-majka-4.jpg

Додека славната глумица се одмарала и привикнувала на мајчинската улога, утредента на телевизија го проследила претставувањето на ќеркичката на војвотката од Кембриџ.

„Стоевме и гледавме во екранот. Излезе од болницата седум часа по породувањето, нашминкана и со високи потпетици. Лице какво што светот сака да види. Криј се. Сокриј ја нашата болка, нашите распарчени тела, нашите болни гради и подивени хормони. Изгледај прекрасно, и тоа со стил, не ги покажувај своите слабости, Кејт. Седум часа по твојата борба со животот и смртта. Седум часа откако телото ти се преполовило и крвав, врескав живот излегол од него. Не покажувај. Не кажувај. Стој таму со девојчето во раце и нека те слика глутница машки фотографи.“

kira-najtli-ili-kejt-midlton-koja-od-dvete-zheni-e-poprimerna-majka-5.jpg

Најтли не се потруди да најде барем трошка разбирање за Мидлтон и нејзината општествена позиција. Напротив. Ја обвини дека е виновна за недостижните стандарди што им се поставуваат на припадничките од понежниот пол – да бидат стилизирани и совршени непосредно по станувањето мајки.

Ваквиот потег беше дочекан со аплауз од медиумите и на социјалните мрежи. Го доживеаја како критика на денешното општество, кое дури и во најранливите, најтешките и најубавите моменти им наложува на жените да ја кријат и разубавуваат вистината, како би ја сочувале идеалната слика за себеси. 

kira-najtli-ili-kejt-midlton-koja-od-dvete-zheni-e-poprimerna-majka-6.jpg

Фактот што војвотката меѓу првите ја посетија шминкери и фризери во болницата, секако на многумина им е необјаснив. Но, што е со толпата народ која го очекува раѓањето на кралските деца, како и мајката да излезе пред јавноста?

Повеќето воајеристички чекаат први да фрлат око на новороденото бебе и да го искоментираат изгледот на војвотката. Љубопитни погледи имаше насекаде, па снимките го преплавија светот.

kira-najtli-ili-kejt-midlton-koja-od-dvete-zheni-e-poprimerna-majka-7.jpg

Од друга страна, на актерката ѝ се замерува поради јавната прозивка на дамата, која под шминката и фризурата, веројатно исто така имала „распарчено тело“. Речиси е сигурно дека породувањето и за неа било подеднакво болно.

Изостана сочувството и женската емпатија на Кира. Настапувајќи од позицијата на феминистка, таа во текстот посветен на жените и женската борба, всушност линчуваше друга жена и мајка.

kira-najtli-ili-kejt-midlton-koja-od-dvete-zheni-e-poprimerna-majka-8.png

На чија страна сте вие? Каков е вашиот став на оваа тема?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Зошто обожавам што сум мајка на момчиња?“ „Секогаш си замислував дека еден ден ќе имам ќерка, но станав мама на момчи...
Ми велат да си го оставам детето да плаче, додека тие трчаат да утешат пријател во солзи - јас одлуч... Ни велат и да не го успиваме детето во раце, додека тие се туткаат покрај партне...

Најчитани неделава