Ива, Матеј, Доротеа - 10 машки и женски имиња кои симболизираат „ЧУДО“

Секој нов живот е на некој начин чудо, а некои родители го прославуваат овој чин со тоа што на детето му даваат име што го симболизира токму тоа.

10-maski-i-zenski-iminja-koi-simboliziraat-cudo-01.jpg

Дел од овие 10 женски и машки имиња се мошне чести и во Македонија, додека интернационалните лесно може да се адаптираат со некоја варијација на оригиналното име.

Во секој случај, прочитајте ги десетте предлози за вашето мало чудо:

Арон

Името потекнува од библијата. Арон бил постариот брат на Мојсеј и чуварот на божјите заповеди. Значењето на името е „чудесен“.

Ива

Ова име е прилично популарно кај нас. Целосната верзија на името е Ивана. Симболизира „Бог е милостив“ или „Дар од Бога“, што може да се протолкува и како „чудо“.

Доротеа

Коренот на името е од грчко потекло, а има исто значење како и Теодора – „дар божји“. Двете имиња потекнуваат од зборот theos што означува „Бог“ и doron што симболизира „дар“.

Останатите варијации на името се Дора, Дарија, Доротеј и Доротеа.

Матеј

Машко име кое сè уште на ја изгубило својата популарност во Македонија. Настанало од грчкиот збор matthias што означува „божји дар“. Останатите облици на ова име се – Мате, Матко, Матеа, Матео, Матија, Матеа.

Мира

Според латинското толкување, Мира значи чудесна, прекрасна. Од англискиот јазик може да се протолкува како скратеница од зборот miracle (чудо).

Миреја

Многу слично со претходното Мира, со ист корен од англискиот јазик – miracle, односно чудо. Ова име е шпанско, но сепак го има истото значење, односно симболизира чудо.

Милагро(с)

Уште едно шпанско име кое многу веројатно ви звучи познато. Милагро е машката, а Милагрос женската верзија на името кое во буквален превод значи „чудо“.

Амари

Силно, а сепак многу женствено име, кое не се среќава премногу често, но токму тоа го прави мошне уникатно. Може да се изговори на 2 начини, според тоа каде ќе решите да го ставите акцентот. Во секој случај звучи прекрасно, а во превод означува „божјо чудо“.

Лорето

Ова типично италијанско име во превод значи „благослов“ или „чудо“, а се употребува уште од 16 век.

Карисима

Ова чудесно име многу потсетува на зборот харизма, а всушност се работи за женско име со прекрасна симболика: услуга, подарок, неверојатна моќ. Мало, убаво чудо.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
9 најубави имиња за момчиња и девојчиња родени во февруари Имињата во февруари често се врзуваат со Денот на виното и Денот на заљубените. ...
Колку вода треба да пиете додека доите за да спречите дехидрирање? Колку вода треба да пиеме додека доиме? Дали сме испиле премногу или премалку те...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg