Дали сте зависен родител и зошто тоа е лошо за вашите деца?

Зависните родители формираат нездрава приврзаност кон нивните деца. На некој, начин тие очекуваат љубов и посветеност од децата кои можат да бидат деструктивни. Најчесто, ова зависност произлегува од нешто што му недостасувало на родителот во минатите врски.

dali-ste-zavisen-roditel-i-zohto-toa-e-losho-za-vasheto-dete-01.jpg

Зависноста е како стратегија за преживување, односно обид за постигнување емоционална безбедност. Сепак, ова однесување може да биде штетно и токсично за вашите деца, па добро е да знаете кои се знаците што покажуваат дека сте зависен родител.

Лесно ве погодуваат емоциите на детето

На зависните родители им е тешко да постават граници кога нивното дете е гневно, тажно или кога се оддалечува. Тие сметаат дека ако нивното дете не е во ред, ни тие нема да бидат во ред. Неретко, зависните родители можат да ја направат целата ситуација на детето премногу лична.

Сакате да контролирате

Многу често зависните родители се обидуваат да го контролираат животот на нивните деца. Доколку има нешто што не му е допаѓа на родителот во врска со животот на детето, тој ќе проба да преземе контрола.

Ќе почне премногу да се вклучува во проблемите и животот на детето и ќе се обидува да го „советува“ што и како да прави.

Играте жртва

Зависните родители често ги споделуваат нивните животни приказни со децата. Најчесто причината за ова е да добијат контрола со сожалување.

Исто така, доколку родителот не исполнил некоја своја желба или цел, можно е да му ја наметне на своето дете. Доколку, на пример, вие сте сакале да бидете адвокат но не сте успеале, сега го терате вашето дете да ги живее вашите цели.

Иако е нормално да му го посакувате најдоброто на детето, во овој случај повеќе се грижите за вашите наместо за неговите желби и потреби.

dali-ste-zavisen-roditel-i-zohto-toa-e-losho-za-vasheto-dete-02.jpg

Ги игнорирате другите врски

Можеби ви е страв дека бракот или партнерот стои помеѓу вас и вашето дете. Токму поради ова ќе страдаат вашите други врски. Не значи дека ова го правите свесно или намерно, туку суптилно го оттргнувате партнерот и другите од себе.

Секогаш сте во право

Кога зависниот родител ќе сфати дека греши, нема да се извини. Доколку сепак го направи тоа, извинувањето нема да звучи искрено. Причината за ова е тоа што родителот смета дека ги изгубил авторитетот и доминантноста доколку не е во право.

Ја користите вината како оружје

Зависните родители можат да престанат да им зборуваат на децата, да дофрлаат лоши коментари и да предизвикуваат чувство на вина.

Целта на ова е манипулација на детето, особено ако тоа е возрасно. Но, не сите зависни родители се свесни дека го прават ова.

dali-ste-zavisen-roditel-i-zohto-toa-e-losho-za-vasheto-dete-03.jpg

Како е влијанието на ова однесување врз вашето дете?

Вашата врска со детето ќе одреди како тоа ќе го гледа животот. Секое негово искуство ќе има влијание врз неговите идни одлуки.

Ова значи дека постои ризик и вашето дете да се однесува на ист начин со неговите деца. Можеби ќе мисли дека потребите и желбите на децата не се важни, но и дека тоа е одговорно за вашите негативни чувства.

Како да го промените ова однесување?

Најпрво треба да работите на вашата емоционална благосостојба. Штом ќе го најдете коренот на проблемот и ќе го решите, ќе можете да ги направите потребните промени.

Постојат неколку работи што можете да ги направите:

- Грижете се за себе: Бидете модел за вашите деца и покажете му како вистински да се грижат за себе.

- Охрабрете го позитивното зборување за себе: Во овој случај не се важни само зборовите, туку и тонот на вашиот глас.

- Дозволете му на детето само да ги решава проблемите: Во зависност од неговата возраст, оставете го детето самото да истражува за неговите проблеми.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...

Најчитани неделава